Спречување на деградација на земјиштето (примарно обезшумување и ерозија)


Законот за заштита на почвите, како и Националниот Акционен План (НАП) во согласност со барањата на Конвенцијата на ОН за борба против опустинување (UNCCD) се во завршна фаза и чекаат усвојување. Овие документи треба да дадат јасна слика за состојбата со почвените ресурси, ќе ги дефинираат надлежностите и ќе ги утврдат приоритетите во однос на почвата и механизмите и начините на нивно исполнување. ГЕФ ПМГ Македонија во координација со УНДП и Mинистерството за животна средина и просторно планирање ќе допринесе во активностите на одржливо управување со земјиште на локално и национално ниво.

Можните активностите на ГЕФ ПМГ Македонија би биле во следниве области:

  • - Зајакнување на капацитетите на локално ниво за поддршка на одржливо управување со земјиште;
  • - Промовирање на одржливи земјоделски практики, како што е зголемување на различни култури и намалување на ризикот од неуспешно одгледување и разумната употреба на ѓубрива и други агрохемикалии;
  • - Подобрување при управувањето со земјоделски отпад.

Централни области

Зачувување на биолошката разновидност
Ублажување на климатски промени
Спречување на деградација на земјиштето  (примарно обезшумување и ерозија)
Заштита на меѓународните води
Отстранување на хемикалии (и неразградливи органски загадувачи) (НОЗ) преку локални пристапи