Проекти поддржани од ГЕФ ПМГ во Македонија

ОПЕРАТИВНА ФАЗА 3

1. ИНТЕГРИРАН ПРИСТАП ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИСПУШТАЊЕТО НА НОЗ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО ПЛАСТИЧНАТА ФОЛИЈА КАКО ОТПАД И ОСТВАРУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИ ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ


Проектен број MKD/OP3/01/06/01
Организација Еколошко Друштво ПЛАНЕТУМ Струмица
Централна област Хемикалии / Неразградливи Oргански Загадувачи
ГЕФ ПМГ доделена сума 16.352 САД$
Период март 2006 – септември 2007

Краток опис

Намалување на количините на НОЗ испуштени од палената пластична фолија во Струмичкиот регион односно во атарите на селата Куклиш и Просениково и остварување на економски интерес и локален развој за овие населени места преку организирано собирање и продавање на истата како секундарна суровина, преку: Одредување на локални еколошки потреби и приоритети за секое населено место; Едуцирање и мотивирање на земјоделските производители за учество во организираното собирање на отпадната пластична фолија од оранжериите; Организирано собирање и транспортирање на отпадната пластична фолија;



Повеќе

2. ИНТЕГРАЛНА ЗАШТИТА НА ЈАБОЛКОВОТО ПРОИЗВОДСТВО ВО ПРЕСПА


Проектен број MKD/OP3/01/06/02
Организација ОБЕДИНЕТИ АГРИПРИОИЗВОДИТЕЛИ– Ресен
Централна област Меѓународни води
ГЕФ ПМГ доделена сума 14.378 САД$
Период март 2006 – февруари 2007

Краток опис

Запознавање на месното население за потребата од намалување на загадувањето на почвата, воздухот и водите од неправилната употреба на пестицидите; Воведување и практична примена на нови техничко – технолошки методи во следењето на болестите и штетниците; Јакнење на капацитетите на Службата за прогноза и сигнализација; Јавна промоција на резултатите од примената на интегралната заштита на јаболковото производство.



Повеќе

3. ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНА ОПШТИНА – ЈЕГУНОВЦЕ


Проектен број MKD/OP3/01/06/03
Организација ПРОАКТИВА, Скопје
Централна област Климатски промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 24.848 САД$
Период март 2006 – март 2007

Краток опис

Превземање на енергетско-ефикасни мерки со цел намалување на загадувањето на животната средина особено со стакленички гасови во 3 основни училишта, 1 градинка и еден интернат за деца со специјални потреби, во неколку села (Јегуновце, Шемшево и Вратница) во рамките на Локалната општина Јегуновце. Главните проектни активности вклучуваа: намалување на емисијата на јаглерод диоксид од јавните објекти во Општина Јегуновце и намалување на трошоците за енергија во јавните објекти во Општина Јегуновце, теоретска и практична обука на локалното население за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија и медиумска промоција



Повеќе

4. ЗАШТИТА НА АВТОХТОНА СОРТА НА СИНА СЛИВА ВО ПИЈАНЕЧКО


Проектен број MKD/OP3/01/06/04
Организација Здружение на граѓани АРОНИЈА – Делчево
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 11.900 САД$
Период март 2006 – декември 2007

Краток опис

Заштита и обнова на автохтоната сорта на сина слива позната кај народот како банска или горноџумајска, нејзино одгледување со методи на органско земјоделие преку испитување на здравствената состојба на истата, земање на здрави калем гранки, калемење на подлога џанка и засадување на 2000 садници.



Повеќе

5. ОДРЖЛИВО ПРОИЗВОДСТВО НА БИО ДИЗЕЛ


Проектен број MKD/OP3/02/06/05
Организација Здружение на граѓани со телесен и ментален хендикеп ЗВЕЗДА, Македонска Каменица
Централна област Климатски промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 15.827 САД$
Период август 2006 – февруари 2008

Краток опис

Намалување на емисијата на стакленички гасови со користење на биодизел наместо фосилен дизел во земјоделска механизација со подигнување на јавната свест за одлагање на користено растително масло од угостителски објекти, собирање на користено растително масло, инсталација и производство на мини капацитет за производство на био-дизел во Македонска Каменица и создавање насади на маслодајна репка за идно поголемо производство на биодизел.



Повеќе

6. ЗАЧУВУВАЊЕ И ПРОМОЦИЈА НА БИОЛОШКАТА РАЗНОВИДНОСТ И ЕНДЕМСКИТЕ ВИДОВИ НА ДОЛЕН ТЕК НА РЕКА БАБУНА И КАЊОНОТ ПЕШТИ


Проектен број MKD/OP3/02/06/06
Организација Еколошко Друштво ВИЛА ЗОРА, Велес
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 6.000 САД$
Период август 2006 – мај 2007

Краток опис

Зачувување и промовирање на биолошката разновидност и ендемските видови на долниот тек на реката Бабуна и кањонот Пешти со заштита и промовирање на загрозените видови птици (египетскиот мршојадец и црниот штрк), уредување на локалитетот и заштита и промоција на пештерската црква Маркова пештера која потекнува од X век.



Повеќе

7. РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА СТАНИШТЕТО НА ЖОЛТИОТ ЛОКВАН ВО ПОДРАЧЈАТА ОД ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО


Проектен број MKD/OP3/02/06/07
Организација МАКЕДОНСКО ЛИМНОЛОШКО ДРУШТВО МЛД, Охрид
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 5.400 САД$
Период август 2006- јануари 2008

Краток опис

Ревитализација на дел од поранешното живеалиште на жолтиот локван - локалитетот Мазија, каде што до крајот на шеесетите го имаше во изобилство, и негово населување и во други локалитети од крајбрежната зона на Езерото и подигање на свеста на јавноста (граѓаните на Охрид, локалните жители на селото Калишта, ученици во локалните основните училишта) на важноста на заштитата на жолтиот локвањ, како и организирање на тркалезни маси и печатење на пропагандни матерјали.



Повеќе

8. АДАПТИРАЊЕ НА ЛОКАЛИТЕТОТ РИБАРСКО СЕЛО ВО ОТЕШЕВО ВО ПИЛОТ ЦЕНТАРОТ ЗА ПОРИБУВАЊЕ СО


Проектен број MKD/OP3/02/06/08
Организација МУЗИЧКА МЛАДИНА, Ресен
Централна област Меѓународни води
ГЕФ ПМГ доделена сума 11.033 САД$
Период август 2006- мај 2008

Краток опис

Зголемување на рибната популација на преспанскиот крап, мрена и скобуст водејќи сметка за еколошката заштита на рибниот фонд, подобрен мониторинг на рибната фауна, мрестилиштата, начин на риболов, собирање на уловот, движење на рибарите.



Повеќе

9. ОБУЧЕН ЦЕНТАР ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ НА МАРИОВСКА ПЧЕЛА И ПРОИЗВОДСТВО НА ОРГАНСКИ ПЧЕЛНИ


Проектен број MKD/OP3/02/06/09
Организација Здружение на земјоделски производители РАНКОВЦЕ, Ранковце
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 23.700 САД$
Период август 2006- февруари 2008

Краток опис

Заштита на автентичната и загрозена локална врста на пчела Мариовска пчела, обука на Македонските пчелари за принципите на органското производство на мед и истовремено подобрување на економската состојба на локалното население, вработување на работници и намалување на миграцијата и искористување на природата за производство на пчелни производи по стандарди за органска храна.



Повеќе

10 ЕКСПЕРИМЕНТАЛНО ПРОИЗВОДСТВО НА БИОДИЗЕЛ ВО ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПОВРШИНИ ЗАГАДЕНИ СО ТЕШКИ МЕТАЛИ


Проектен број MKD/OP3/02/06/10
Организација Центар за регионални истражувања и соработка СТУДИОРУМ, Скопје
Централна област Климатски промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 23.755 САД$
Период ноември 2006 – март 2008

Краток опис

Истражување на можностите за производство на биодизел гориво од култури кои би се одгледувале на земјоделски површини загадени со тешки метали, при што би се обезбедил двоен ефект: деконтаминација на земјиштето со фитоекстракција и ефективно искористување на добиениот зeмјоделски производ, кој поради загаденоста е неупотреблив во човековата или животинската исхрана.



Повеќе

11. ЗАШТИТА НА АВТОХТОНА ДОМАШНА РАСА ОВЦИ ПРАМЕНКА


Проектен број MKD/OP3/02/06/11
Организација Здружение на производители на органска храна БИОФАРМ, Куманово
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 23.755 САД$
Период август 2006- февруари 2008

Краток опис

Заштита на автохтоната домашна раса овци Праменка и создавање репроцентар за снабдување на руралните подрачја со квалитетни грла каде што одгледувањето на други раси е отежнато. При тоа следните активности беа превземени: оформување на матично стадо, оформување на репроцентар, Воведување на органско производство, Заштита на животната средина и маркетинг на производите.



Повеќе

12. ПЛАНИРАЧКИ ГРАНТ: ЗАШТИТА И РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА БИОЛОШКАТА РАЗНОВИДНОСТ СО ПРОМОЦИЈА НА ОДРЖЛИВ ТУРИЗАМ ПО ДОЛЖИНАТА НА КАЊОНОТ МАТКА


Проектен број MKD/OP3/02/06/12
Организација Здружение за поддршка и унапредување на земјоделството и рурален развој ФАГРИКОМ, Скопје
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 1.500 САД$
Период октомври 2006 – декември 2006

Краток опис

Изработка на план за раководење и техничка документација за градежните активности да се влијае на зголемувањето на заштитата на биолошката разновидност и обезбедување нејзино одржливо користење и зачувување на уникатните природни вредности во кањонот Матка.



Повеќе

13. ПЛАНИРАЧКИ ГРАНТ: МОДЕРНИ МЕТОДИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОРГАНСКИ ОТПАД ВО ПРЕСПА


Проектен број MKD/OP3/02/06/13
Организација Здружение на граѓани ФОКУС, Ресен
Централна област Меѓународни води
ГЕФ ПМГ доделена сума 1.500 САД$
Период септември 2006 – март 2007

Краток опис

Решавањето на проблемот со органскиот отпад во и околу Голема Река, со проектот планираат изведување на пилот заштита и спроведување на пилот мерки за преработување на органскиот отпад како и мерки за трајна заштита од истиот преку организирање на кампања за подигање на јавната свест кај локаното месното население.



Повеќе

14. ЗАШТИТА НА БИВОЛИТЕ КАКО ЗАГРОЗЕН ЖИВОТИНСКИ ВИД


Проектен број MKD/OP3/02/07/14
Организација Здружение на граѓани БИОСФЕРА, Битола
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 7.457 САД$
Период септември 2007 – октомври 2008

Краток опис

Заштита на водените биволи како загрозен вид односно зголемување на бројноста на популацијата на биволи чиј број е драстично опаднат и се заканува опасност од негово исчезнување од Република Македонија; поттик за производство на млечни производи (сирење моцарела) како важен извор на приход и создавање можност за рурален и еко туризам.



Повеќе

15. ПРАКТИЧНА ЗАШТИТА НА БИЛОШКАТА РАЗНОВИДНОСТ ПРЕКУ АКТИВНО УЧЕСТВО НА ЛОКАЛНАТА


Проектен број MKD/OP3/02/07/15
Организација Здружение на граѓани УТРО, Ново Село
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 15.026 САД$
Период септември 2007 – јуни 2008

Краток опис

Зачувување, заштита и раководење на стаништето на Osmunda regalis и истовремено развој на еко туризмот преку одржлив развој на заедницата и нивно учество и управување на заштитената област преку едукација на локалното население за важноста на овој редок вид папрат, 4обележување и мапирање на областа каде е лоцирана папратот, печатење на мапа и брошура и обележување на патеките и создавање на туристички места со клупи за посетителите/ туристите.



Повеќе

16. ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ ПЛАСТИКАТА ДА ГО НАДЖИВЕЕ ЧОВЕКОТ


Проектен број MKD/OP3/02/07/16
Организација Здружение на граѓани СОНЧЕВ РИД РАЈКОВАЦ, Кратово
Централна област Хемикалии / Неразградливи Oргански Загадувачи
ГЕФ ПМГ доделена сума 10.052 САД$
Период септември 2007 – март 2009

Краток опис

Намалување на количините на неразградливи органски загадувачи НОЗ преку создавање на услови за одржливо управување на дел од цврстиот комунален отпад во Северо-источниот регион на Mакедонија: анализирање на состојбата со ПЕТ пластика во Североисточниот регион на Македонија и запознавање и мотивација на граѓаните за селекција на истиот, подобрување на инфраструктурата за собирање и селекција на отпадна ПЕТ амбалажа во северо-источниот регион на Македонија и организирано собирање и третман на дел од цврстот комунален отпад во Северо-источниот дел на Македонија



Повеќе

17. ВЕЉУСА ЗЕЛЕНО УРЕДНА ВОДЕНО ЧИСТА СРЕДИНА


Проектен број MKD/OP3/02/07/17
Организација Здружение на граѓани за заштита на води и водени површини во струмичкиот регион ПЕЛАГОН, Струмица
Централна област Деградација на земјиште
ГЕФ ПМГ доделена сума 8.401 САД$
Период септември 2007 – април 2008

Краток опис

Обнова и заштита на 1.5 Ха деградирано земјиште и домородна вегетација и дрвја на локации во Вељуса со јакнење на системот за управување на земјиштето заради локален развој на туризмот и намалување на сиромаштијата



Повеќе

18. ДЕТСКИТЕ ГРАДИНКИ- ПРИМЕР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА


Проектен број MKD/OP3/02/07/18
Организација Здружение на Граѓани Центар за интегрална рехабилитација ВИГОТСКИ, Велес
Централна област Климатски промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 24.574 САД$
Период септември 2007 – ноември 2008

Краток опис

Намалено загадување на животната средина во Велес особено на стакленичките гасови преку припрема и поставување на соларни колекторски системи во два објекти во градинката Димче Митрев во Велес како и поставување на енергетско ефикасни сијалици



Повеќе

19. СОЛАРНО СУШЕЊЕ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ


Проектен број MKD/OP3/02/07/19
Организација Асоцијација за истражување развиток и заштита на живиот свет БИО-ТЕК, Скопје
Централна област Климатски промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 49.585 САД$
Период септември 2007 – февруари 2009

Краток опис

Намалена емисија на стакленички гасови перд се (СО 2 ) со цел намалување на загадувањето на животната средина и придонес кон намалување на ефектот на стаклена градина предизвикани 5од индустријата за преработка на прехранбени производи, преку конструкција на две индустриски инсталации за соларно сушење на прехранбени производи.



Повеќе

20. ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ЕКОЛОШКИ БЕНЕФИТИ СО РАЦИОНАЛНО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ГЕОТЕРМАЛНИТЕ ВОДИ ВО ОПШТИНА КОЧАНИ


Проектен број MKD/OP3/02/07/20
Организација Здружение на граѓани ЕДНАКВИ ЗА СИТЕ, Кочани
Централна област Климатски промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 20.276 САД$
Период септември 2007 – мај 2008

Краток опис

Две локални училишта (ООУ Св. Кирил и Методиј и СОУ Љупчо Сантов) и спортска сала во Кочани за централно греење, секоја година користат повеќе од 80 тони сурова нафта. Со цел да се намалат емисии на стакленички гасови (CO2) од централното греење за затоплување, се вгради нов топлоизменувач за максимално искористување на геотермалните води при што е подобрен преносот на топлината од геотермална вода и е намалено за 50% користењето на нафта. Овие активности беа придружени со организирање на кампања за подигнување на јавната свест и едукативни активности (тркалезни маси, сликарски изложба, брошура, леток, еко викенд, итн), каде што граѓаните и учениците од општина Кочани ги запозна со предностите на користење на обновливи извори на енергија со акцент на искористувањето на геотермалниот потенцијал во Кочани.



Повеќе

21. ПАРК ШУМА ВО ЛОКАЛИТЕТОТ МЕРИТЕ ОПШТИНА ШТИП


Проектен број MKD/OP3/02/07/21
Организација Здружение на граѓани ДОГАН, Штип
Централна област Деградација на земјиште
ГЕФ ПМГ доделена сума 20.758 САД$
Период септември 2007 – март 2009

Краток опис

Облагородување на земјиштето на површина од околу 5 ха во непосредна близина на бањата Кежовица. Со тоа ќе се влијае на развој на флората и фауна, продукција на кислород а ќе се постигнат и стопански и економски вредности за општината



Повеќе

22. ОДГЛЕДУВАЊЕ НА ДОМАШНИ СОРТИ НА ЖИТНИ КУЛТУРИ (ПЧЕНИЦА, ПЧЕНКА, РЖ) И НИВНА ПРЕРАБОТКА НА ТРАДИЦИОНАЛЕН НАЧИН


Проектен број MKD/OP3/02/07/22
Организација Здружение на одгледувачи на печурки БУКОВКА, с. Петралица, Крива Паланка
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 22.140 САД$
Период септември 2007 – мај 2009

Краток опис

Одгледување на домашни сорти на житни култури (пченица, пченка, рж) нивна преработка на традиционален начин, конзервирање на семенскиот материјал во ген банки, производство на органско брашно сомелено во стара традиционална воденица и подготвување на домашен леб и други пекарски производи на традиционален начин во руралните средини



Повеќе

23. ЗАШТИТА И ОДРЖЛИВО КОРИСТЕЊЕ НА АФТОХТОНОТО ДОМАШНО ГОВЕДО (БУША) ВО МАЛЕШЕВИЈАТА


Проектен број MKD/OP3/02/07/23
Организација Здружение на граѓани БИОМАЛЕШ, Пехчево
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 10.573 САД$
Период септември 2007 – септември 2008

Краток опис

Заштита на афтохтоното домашно говедо-Буша на територијата на регионот Малеш и промовирање органското производство преку градењето на регионален идентитет и бренд



Повеќе

24. ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ БИСТРИТЕ ВОДИ НА ПЕЛИСТЕР: ПОТТИКНУВАЊЕ НА ОДРЖЛИВИОТ РАЗВОЈ ВО СЛИВОТ НА РЕКА ШЕМНИЦА


Проектен број MKD/OP3/02/07/24
Организација Алијанса за соработка за езерата во Охрид и Преспа - АЛЛКООП, с. Лескоец
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 24.571 САД$
Период септември 2007 – март 2009

Краток опис

Намалување на притисокот врз природните ресурси во Национален парк Пелистер, вклучително и слатководната биолошка разновидност, и, особено, ендемската пелагониска пастрмка создавајќи услови за развој на еколошки прифатлив туризам во село Маловишта како егзистенцијална алтернатива базирана во заедницата и реализирана низ партнерство на јавниот и приватниот сектор



Повеќе

25. ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНА ОПШТИНА - ВТОР ДЕЛ


Проектен број MKD/OP3/02/07/25
Организација Здружение на граѓани ПРОАКТИВА, Скопје
Централна област Климатски промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 47.687 САД$
Период ноември 2007 – март 2009

Краток опис

Превземање на енергетско-ефикасни мерки со цел намалување на загадувањето на животната средина особено со стакленички гасови во неколку објекти од јавен интерес (Општините Јегуновце и Шуто Оризари) преку: практична изолација на објектите со силиконски ленти, поставување на сончеви системи, енергетско-ефикасни сијалици во објектите и на уличното осветлување; промена на искршено стакло на објектите, како и батерии за вода; Замена на греењето со струја со гасни печки во градинката. Со проектот се планира и подготовка, публикување и дистрибуција на печатен и електронски едукативен материјал на македонски и албански јазик; обуки на волонтери за примена на техниките на енергетска ефикасност и за изработка и поставување на сончеви системи, како и медиумска промоција на активностите на проектот преку средствата за јавно информирање



Повеќе

ОПЕРАТИВНА ФАЗА 4

26. ФОРМИРАЊЕ НА ПЛАТФОРМА ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ КОРИСНИЦИТЕ НА ГРАНТОВИ ОД ГЕФ ПМГ МАКЕДОНИЈА: АНАЛИЗА НА МИНАТИ/СЕГАШНИ РЕЗУЛТАТИ И ПРЕПОРАКИ ЗА ИДНО СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ НА ГЕФ ПМГ МАКЕДОНИЈА


Проектен број MKD/SGP/OP4/CORE/01/07/01
Организација Центар за локален развој ЦЕЛОР, Скопје
Централна област Повеќе централни области
ГЕФ ПМГ доделена сума 4.200 САД$
Период декември 2007 – јануари 2008

Краток опис

Организирање на средба на ГЕФ грантисти со цел размена на искуства и информации и креирање на Платформа за соработка за можностите, предизвиците и одржливоста од сите проекти на ГЕФ ПМГ



Повеќе

27. ЗАШТИТА И РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА БИОЛОШКАТА РАЗНОВИДНОСТ СО ПРОМОЦИЈА НА ОДРЖЛИВ ТУРИЗАМ ПО ДОЛЖИНАТА НА КАЊОНОТ МАТКА - ПРОМОЦИЈА ВО ФУНКЦИЈА НА ЗАШТИТАТА НА ГЛОБАЛНО ЗНАЧАЈНИТЕ КОМПОНЕНТИ НА БИОЛОШКАТА РАЗНОВИДНОСТ ВО КАЊОНОТ МАТКА


Проектен број MKD/SGP/OP4/CORE/01/07/02
Организација Здружение за поддршка и унапредување на земјоделството и рурален развој ФАГРИКОМ, Скопје
Централна област Повеќе централни области
ГЕФ ПМГ доделена сума 49.600 САД$
Период февруари 2008 – јануари 2009

Краток опис

Обезбедување на одржливост на животната средина во кањонот Матка во согласност со развојот на одржлив туризам, подигањето на јавната свест и едукација на посетителите, локалната заедница и други граѓани на земјата ќе придонесат за заштита и зачувување на природните богатства.



Повеќе

28. ПЛАНИРАЧКИ ГРАНТ: ЗАШТИТА НА ЖИВЕАЛИШТАТА НА ГЛОБАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ ВИДОВИ ЛИЛЈАЦИ: МАЛ ПОТКОВИЧАР, ЈУЖЕН ПОТКОВИЧАР, МЕХЕЛИЕВ ПОТКОВИЧАР ВО ПЕШТЕРИТЕ ГОЛУБАРНИК, МОМИЧЕК И ОРЛЕ


Проектен број MKD/SGP/OP4/CORE/01/07/03
Организација Спелеолошко Друштво ПЕОНИ, Скопје
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 1.486 САД$
Период април 2008 – јуни 2008

Краток опис

Заштита на популации на 3 глобално загрозени видови лилјаци со помош на „in situ’’ конзервација на нивните живеалишта во пештерите Голубарник, Момичек и Орле, Македонски Брод.



Повеќе

29. ОВА Е ПОВРЗАН СВЕТ УЧЕСТВУВАЈ И НАПРАВИ ГО ПОДОБАР


Проектен број MKD/SGP/OP4/CORE/01/07/04
Организација Здружение на информации, обука и одржлив развој ОРТ, Скопје
Централна област Хемикалии / Неразградливи Oргански Загадувачи
ГЕФ ПМГ доделена сума 14.640 САД$
Период мај 2008 – март 2009

Краток опис

Намалување на количините на НОЗ преку создавање на услови за одржливо управување на дел од цврстиот комунален отпад, ПЕТ и пластична амбалажа во домаќинствата и училиштата во Општина Чаир како и остварување на економски интерес и локален развој за населените места во неа, преку организирано собирање и продавање на истата како секундарна суровина во 5 Централни училишта.



Повеќе

30. ЗАРЕМ НЕ СИ ЗЕЛЕН


Проектен број MKD/SGP/OP4/CORE/01/07/05
Организација РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ, Делчево
Централна област Климатски промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 23.664 САД$
Период август 2008 – август 2009

Краток опис

Намалување на загадувањето на животната средина преку преземање на енергетско-ефикасни мерки во Делчево: поставување на енергетско-ефикасни сијалици со канделабри за улично осветлување, поставување на приклучоци за улично осветлување, медиумска промоција на активностите на проектот преку средствата за јавно информирање и организирање на обуки за енергетска ефикасност.



Повеќе

31. ЗЕЛЕНА ЛИНИЈА НА ПОВРЗУВАЊЕ


Проектен број MKD/SGP/OP4/CORE/01/07/06
Организација Извиднички одред КРСТЕ ЈОН, Струга
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 47.328 САД$
Период август 2008 – август 2009

Краток опис

Спроведувајќи ги резултатите од процесот на Зелена Агенда за Вевчани и Битола ќе се делува на подигањето на јавната свест и менување на јавното однесување за зачувување на биолошката разновидност и природните богатства кај посетителите и локалната заедница. Активностите се фокусирани на подигнување на одржлив туризам во Вевчани/ Вевчанските извори како и на заштита и репродукција на Мариовската пчела во битолскиот регион.



Повеќе

32. ВЕЛОСИПЕДИ ЗА СИТЕ


Проектен број MKD/SGP/OP4/CORE/01/07/07
Организација Центар за истражување и информирање за животната средина ЕКО-СВЕСТ, Скопје
Централна област Климатски промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 49.888 САД$
Период април 2008 – септември 2009

Краток опис

Намалување на емисиите на стакленички гасови (CO2) во Скопје преку промовирање на велосипедот како превозно средство преку овозможување на достапно изнајмување на велосипеди во Град Скопје и промовирање на велосипедот како средство за јавен транспорт



Повеќе

33. ИНТЕГРАЛЕН ПРИСТАП ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА НОЗ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПЕТ АМБАЛАЖАТА КАКО ОТПАД И ОСТВАРУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИ И ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ ВО РЕГИОН НА ПОЛОГ


Проектен број MKD/SGP/OP4/CORE/01/07/08
Организација Здружение на граѓани за ЛОКАЛЕН И РУРАЛЕН РАЗВОЈ, Камењане
Централна област Хемикалии / Неразградливи Oргански Загадувачи
ГЕФ ПМГ доделена сума 11.052 САД$
Период мај 2008 – јуни 2009

Краток опис

Намалување на количините на НОЗ испуштени од палената ПЕТ пластика и пластична фолија во полошкиот регион односно во село Брвеница, Преку Собирањето на ПЕТ се остварува и економски интерес и локален развој во оваа рурална општина



Повеќе

34. ДА ГИ ВРАТИМЕ СТАРИТЕ СОРТИ НА ЈАБОЛКО И КРУША НА НАШИТЕ ТРПЕЗИ


Проектен број MKD/SGP/OP4/CORE/01/07/09
Организација Здружение на граѓани АРОНИЈА, Делчево
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 5.452 САД$
Период април 2008 – јуни 2008

Краток опис

Заштита и обнова на стари сорти на јаболка и круша во Пијанечко – Малешевскиот регион со детерминирани 10 стебла на стари сорти на јаболко и круша, земени 200 калем гранки и калемени 1500 садници.



Повеќе

35. ЗАШТИТА, РЕВИТАЛИЗАЦИЈА И РЕИНТРОДУКЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ПАСТРМКА SALMO MACEDONICUS (KARAMAN, 1924) ВО ВОДИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


Проектен број MKD/SGP/OP4/Y2/CORE/2008/10
Организација МАКЕДОНСКА РИБОЛОВНА ФЕДЕРАЦИЈА МРФ, Скопје
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 6.970 САД$
Период декември 2008 – декември 2008

Краток опис

Заштита од исчезнување на автохтоната и ендемична Македонска пастрмка (Salmo macedonicus Karaman, 1924), преку нејзино ревитализирање во водите каде е намалена популацијата и реинтродукција во водите од каде што е исчезната.



Повеќе

36. АВЕНИЈА НА ИДНИНАТА


Проектен број MKD/SGP/OP4/Y2/CORE/2009/11
Организација ЦЕНТАР ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ЗАЕДНИЦАТА, Дебар
Централна област Меѓународни води
ГЕФ ПМГ доделена сума 24.930 САД$
Период април 2009 – април 2010

Краток опис

Намалување на загадувањето на водите на Дебарското езеро и реката Црн Дрим од отпад со намалување на количината на отпадот покрај езерото, подигање на свеста кај граѓаните и младите генерации и промена на однесувањето спрема природата, заштита на водниот живот на езерото и реката Црн Дрим, создавање на (еколошки) приход за заедницата и развој на туризмот.



Повеќе

37. ЗАШТИТА И ОДРЖЛИВО КОРИСТЕЊЕ НА АВТОХТОНОТО ДОМАШНО ГОВЕДО (БУША) ВО ОГРАЖДЕНСКИОТ РЕГИОН


Проектен број MKD/SGP/OP4/Y2/CORE/2009/12
Организација Здружение на граѓани УТРО, Ново Село
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 13.100 САД$
Период мај 2009 – мај 2010

Краток опис

Конзервирање, заштита и репродукција на домашното говедо Буша, создавање на можности за самовработување и економски развој на ридско планинските села (Стиник, Барбарево, Бајково и Бадилен) и истовремено преземањето на мерки кои би ја запреле и миграцијата на жителите од овие села на планината Огражден.



Повеќе

38. ТРИ О КОНЦЕПТ - КОНКУРЕНТНО ПРОИЗВОДСТВО НА БИОДИЗЕЛ ПРЕКУ ЦЕЛОСНО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА РЕСУРСИТЕ


Проектен број MKD/SGP/OP4/Y2/CORE/2009/13
Организација Здружение на граѓани со телесен и ментален хендикеп ЗВЕЗДА, Македонска Каменица
Централна област Климатски Промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 26.630 САД$
Период јуни 2009 – јуни 2010

Краток опис

Намалена емисија на стакленички гасови преку користење на био-дизел во земјоделска механизација, транспорт и греење; Намалено загадување на отпадните води, канализациите и земјиштето, преку собирање на отпадното масло и отпадот од производство; Економска одржливост и градење конкурентност во производство на корисни производи од отпадот настанат при производство на био-дизел (глицерин и метанол).



Повеќе

39. ЗАОКРУЖУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ НА ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ, КОЧАНИ


Проектен број MKD/SGP/OP4/Y2/CORE/2009/14
Организација Здружение на граѓани ЕДНАКВИ ЗА СИТЕ, Кочани
Централна област Климатски Промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 25.000 САД$
Период април 2009 – октомври 2009

Краток опис

Намалување на потрошувачката на електрична енергија и емисијата на стакленички гасови со подобрување на енергетската ефикасност во ОУ Кирил и Методиј преку промена на старите прозорци со нови прозорци со термопан стакло, поставување на механизми за механичко затворање на вратите во училниците, инсталирање на штедливи сијалици и фотоволтни панели.



Повеќе

40. ГЕВГЕЛИЈА – ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНА ОПШТИНА


Проектен број MKD/SGP/OP4/Y2/CORE/2009/15
Организација РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ, Гевгелија
Централна област Климатски Промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 14.791 САД$
Период април 2009 – јуни 2010

Краток опис

Намалување на загадувањето на животната средина особено со стакленички гасови преку преземање на енергетско-ефикасни мерки во општина Гевгелија со организирање на обуки на волонтери за примена на техниките на енергетска ефикасност, намалување на трошоците за енергија во јавното осветлување во општината, поставување на 60 енергетско-ефикасни светилки со фенери за улично осветлување и организирање на медиумска промоција на активностите на проектот преку средствата за јавно информирање.



Повеќе

41. ПОДДРШКА ВО ВОСПОСТАВУВАЊЕТО НА ОДРЖЛИВ СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО АМБАЛАЖА ОД ПЕСТИЦИДИ И ВЕШТАЧКИ ЃУБРИВА ВО СЛИВОТ НА ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО


Проектен број MKD/SGP/OP4/Y2/CORE/2009/16
Организација Здружение на граѓани КОАЛИЦИЈА ПЕРСПЕКТИВНА ПРЕСПА, Ресен
Централна област Меѓународни води
ГЕФ ПМГ доделена сума 44.485 САД$
Период мај 2009 – јули 2010

Краток опис

Поддршка во воспоставувањето на одржлив систем за управување со амбалажа 11од пестициди и вештачки ѓубрива во сливот на Преспанското Езеро спроведување на јавна акција со промотивни материјали, работни посети на терен, јавни настани за поголемо информирање на земјоделците за влијанието на опаковките од земјоделските активности врз езерските води и нивно прифаќање и активно вклучување во системот за правилно управување со цврстиот отпад од употребените пестициди, нитрати и фосфати.



Повеќе

42. МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ ОБЈЕКТИ ВО ОПШТИНА РАДОВИШ


Проектен број MKD/SGP/OP4/Y2/CORE/2009/17
Организација Центар за локален развој ЦЕЛОР, Скопје
Централна област Климатски Промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 25.109 САД$
Период април 2009 – мај 2010

Краток опис

Придонес кон намалување на CO 2 и ефектот на климатски промени, преку примена методи и техники за енергетска ефикасност преку организирање на активности кои директно и индиректно ќе влијаат на намалување и заштеда на потрошувачка на енергија во четири објекти во Општина Радовиш како и подигање на свеста на јавноста за промена на климата и прашањата за енергетска ефикасност.



Повеќе

43. ЗАШТИТА НА ЖИВЕАЛИШТАТА НА ГЛОБАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ ВИДОВИ ЛИЛЈАЦИ: RHINOLOPHUS HIPPOSIDEROS (МАЛ ПОТКОВИЧАР), RHINOLOPHUS EURYALE (ЈУЖЕН ПОТКОВИЧАР) И RHINOLOPHUS MEHELYI (МЕХЕЛИЕВ ПОТКОВИЧАР) ВО ПЕШТЕРИТЕ ГОЛУБАРНИК, МОМИЧЕК И ОРЛЕ


Проектен број MKD/SGP/OP4/Y2/CORE/2009/18
Организација Спелеолошко Друштво ПЕОНИ, Скопје
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 12.763 САД$
Период мај 2009 – јуни 2010

Краток опис

Заштита на 3 глобално загрозени видови лилјаци (Rhinolophus hipposideros - мал потковичар, Rhinolophus euryale - јужен потковичар и Rhinolophus mehelyi - мехелиев потковичар) со помош на „in situ’’ конзервација на нивните живеалишта - пештерите Голубарник, Момичек и Орле во рамките на локалитетот Заштитено подрачје Споменик на природата Белешничка река, с. Белица, Општина Македонски Брод.



Повеќе

44. НАМАЛУВАЊЕ НА ИСПУШТАЊЕ НА НЕРАЗГРАДЛИВИ ОРГАНСКИ ЗАГАДУВАЧИ НОЗ ОД НЕПРАВИЛНО УПРАВУВАЊЕ СО ПЛАСТИЧНА ЗЕМЈОДЕЛСКА ФОЛИЈА ПРЕКУ СОБИРАЊЕ И РЕЦИКЛИРАЊЕ (ЗГОЛЕМУВАЊЕ)


Проектен број MKD/SGP/OP4/Y3/CORE/2009/19
Организација Еколошко Друштво ПЛАНЕТУМ, Струмица
Централна област Хемикалии / Неразградливи Oргански Загадувачи
ГЕФ ПМГ доделена сума 49.929 САД$
Период декември 2009 – април 2011

Краток опис

Намалување на испуштени количини НОЗ од неправилно управување со отпадна пластична фолија во населените места Муртино и Банско – Струмичко од земјоделството преку организирано собирање и рециклирање на истата како и остварување локален економски развој и еколошки бенефит во овие две рурални средини. Ова ќе се оствари преку: едуцирање и мотивирање на земјоделски производители за учество во организираното собирање на отпадната пластична фолија, организирано собирање и транспортирање на отпадната пластична фолија и искористување на собраната отпадна пластична фолија преку рециклирање.



Повеќе

45. РЕИНТРОДУКЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ПАСТРМКА SALMO MACEDONICUS (KARAMAN, 1924) ВО ВОДИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (ЗГОЛЕМУВАЊЕ И РЕПЛИЦИРАЊЕ)


Проектен број MKD/SGP/OP4/Y3/CORE/2009/20
Организација Здружение на спортски риболовци ВАРДАР, Скопје
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 40.000 САД$
Период декември 2009 – декември 2010

Краток опис

Со проектот се планира да се овозможи заштита од исчезнување на автохтоната и ендемична Македонска речна пастрмка Salmo macedonicus (Karaman, 1924), преку нејзино ревитализирање во водите каде е намалена популацијата и реинтродукција во водите од каде што е исчезната. Целта на проектот ќе биде постигната преку следниве специфични цели: зголемување на матичното јато на Македонска речна пастрмка, создавање на подмладок на Македонска речна пастрмка до возраст од 6 - 9 месеци и порибување на водите на реките Треска, Мала Река, Беличка Река, Вардар, Лепенец, Пчиња, Крива Река, Брегалница со одгледан подмладок од Македонска речна пастрмка



Повеќе

46. ЗАШТИТА И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА АВТОХТОНА ДОМАШНА РАСА ОВЦИ ПРАМЕНКА ВО МАЛЕШЕВСКО – ПИЈАНЕЧКИ РЕГИОН (РЕПЛИЦИРАЊЕ)


Проектен број MKD/SGP/OP4/Y3/CORE/2009/21
Организација Здружение на угостители, туристички работници и занаетчии НАПРЕДОК, Пехчево
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 33.519 САД$
Период декември 2009 – јули 2011

Краток опис

Целта на овој проект е да се заштити автохтона домашна раса овца Праменка како и да се мотивираат и други фармери да почнат да ја одгледуваат со методи на органско земјоделие. Со проектот се планира да се поттикне зголемување на бројот на стадата со домашната раса на овци Праменка и интересот за одгледување на истата, развој на органското производство во Малешевско Пијанечкиот регион, создавање на услови за вработување на невработена локална работна сила, создавање на услови за самоодржливот на здружението и создавање на услови за развој на руралните и ридско планински подрачја.



Повеќе

47. ЗАШТИТА НА АВТОХТОНАТА РАСА НА ОВЦИ ПРАМЕНКА - ОВЧЕПОЛКА (РЕПЛИЦИРАЊЕ)


Проектен број MKD/SGP/OP4/Y3/CORE/2009/22
Организација Здружение на Производители на Органска Храна ЗЛАТНО РУНО, с. Горно Крушје (Македонски Брод)
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 48.650 САД$
Период декември 2009 – јули 2011

Краток опис

Комплементарен со претходниот проект за заштита на автохтоната домашна раса на овци Праменка – Овчеполка како и нејзино зголемување и ширење, но во јужниот дел од Македонија. При тоа и овој проект има за цел економска одржливост на ова сточарско – овчарско производство, јакнење на локалните човечки капацитети и потенцијали како и економска корист или благодет за сите членови на ова здружение и пошироко кај локалното население. И двата проекти ќе бидат спроведувани во взаемна соработка.



Повеќе

48. ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНА ОПШТИНА ТРЕТ ДЕЛ (РЕПЛИЦИРАЊЕ)


Проектен број MKD/SGP/OP4/Y3/CORE/2009/23
Организација Здружение на граѓани ПРОАКТИВА, Скопје
Централна област Климатски Промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 27.902 САД$
Период декември 2009 – јануари 2011

Краток опис

Преземање на енергетско-ефикасни мерки со цел намалување на загадувањето на животната средина особено со стакленички гасови со намалување на емисијата на јаглерод диоксид од јавните објекти во Општината Гази Баба, намалување на трошоците за енергија во јавните објекти во Општината Гази Баба и теоретска и практична обука на локалното население за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.



Повеќе

ОПЕРАТИВНА ФАЗА 5

49. КРИВА ПАЛАНКА – ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНА ОПШТИНА - УСПЕШНА ОПШТИНА


Проектен број MKD/SGP/OP5/CORE/CC/11/01
Организација РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ, Кратово
Централна област Климатски Промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 18.409 САД$
Период февруари 2012 – јануари 2013

Краток опис

Намалување на загадувањето на животната средина особено со стакленички гасови и преземање на енергетско-ефикасни мерки со поставување на енергетско-ефикасни светилки за улично осветлување и поставување на штедливи светилки во неколку институции на општина Крива Паланка. Проектот вклучува и развој на капацитетите преку обуки за примена на техниките на енергетска ефикасност, како и медиумска промоција на проектот преку средствата за јавно информирање и пренесување на позитивни искуства во 4 општини во северо-источниот дел на Р. Македонија.



Повеќе

50. НАМАЛУВАЊЕ НА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ - ПРЕДУСЛОВ ЗА ЗДРАВ ЖИВОТ


Проектен број MKD/SGP/OP5/CORE/CC/11/02
Организација Здружение на Граѓани УТРО, Ново Село
Централна област Климатски Промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 25.564 САД$
Период декември 2011 – декември 2012

Краток опис

Намалување на климатските промени и штетното влијание од живините и натриумовите улични светилки со замена на дел од уличните светилки во населбата Сушица и парковските светилки во општинскиот центар на Ново Село. Дополнителни проекти активности вклучуваат и едукација на граѓанскиот и приватниот секторот и локалната самоуправа за важноста за намалувањето на штетните гасови врз животната средина и потребата за енергетска ефикасност.



Повеќе

51. ЕКСПЕРИМЕНТАЛНО ПРОИЗВОДСТВО НА БИОДИЗЕЛ ВО ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПОВРШИНИ ЗАГАДЕНИ СО ТЕШКИ МЕТАЛИ - 2


Проектен број MKD/SGP/OP5/CORE/CC/11/03
Организација Земјоделско Здружение МАШИНСКИ КРУГ, Пробиштип
Централна област Климатски Промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 24.993 САД$
Период март 2012 – септември 2013

Краток опис

Заштита и унапредување на животната средина, преку деконтаминација на 20 ха земјоделски површини (дел од 750 ха загадени со тешки метали). Од засадените маслодајни култури (маслодајна репка, рицинус, сончоглед ...) ќе се произведува биодизел гориво и на тој начин ќе се обезбеди повеќекратен ефект: производство на биодизел за земјоделските машини, деконтаминација на загаденото плодно земјиште и намалување на трошоците на земјоделците.



Повеќе

52. ЗАОКРУЖУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ НА ООУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ВАСИЛЕВО


Проектен број MKD/SGP/OP5/CORE/CC/11/04
Организација Здружение на Граѓани РОСА, Василево
Централна област Климатски Промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 25.970 САД$
Период март 2012 – септември 2013

Краток опис

Намалување потрошувачката на електрична енергија и минерално гориво со искористување на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност преку монтирање на сончев модул и замена на светлосни тела и врати со механизми за затварање во ОУ Гоце Делчев од општина Василево. Проектот планира, преку едукативни работилници и печатени материјали, да делува на подигање на свеста на граѓаните за климатските промени, заштедата на енергија и предноста за користење на обновливи извори на енергија.



Повеќе

53. ПЛАНИРАЧКИ ГРАНТ: ЗАШТИТА НА АВТОХТОНИОТ ВИД - МАКЕДОНСКИ БИВОЛ


Проектен број MKD/SGP/OP5/CORE/BD/11/05
Организација ЗДРУЖЕНИЕ ЗА СОВЕТУВАЊЕ, ОБУКА И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, Скопје
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 1.901 САД$
Период декември 2011 – декември 2012

Краток опис

Идентификација на биволи во Р. Македонија по категории и локалитети. Доколку се резултатите се покажат позитивни, ЗГ ќе поднесе целосен предлог проект за нивна заштита во следниот повик на ОП5.



Повеќе

54. ПРОМОВИРАЊЕ НА ОБНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА ПРЕКУ ЕНЕРГЕТСКО-ЕФИКАСНИ МЕРКИ ЗА ПОДОБРА ЖИВОТНА СРЕДИНА ВО ОПШТИНА ЗРНОВЦИ


Проектен број MKD/SGP/OP5/CORE/CC/11/06
Организација Здружение за рурален развој ЈАВОР, Зрновци
Централна област Климатски Промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 19.470 САД$
Период декември 2011 – декември 2012

Краток опис

Намалување на трошоците за енергија во јавните објекти во општина Зрновци и намалување на емисијата на CО2 преку поставување на сончев колекторски систем за затоплување и догревање на водата за парно затоплување на училиштето ЦОУ Синиша Стоилов во Зрновци, вградување мерно- регулациска опрема и опрема за автоматска контрола за системот за греење во училиштето, одржување на обуки на волонтери за изработка и поставување на сончеви системи, изработка на печатен едукативен 15материјал за енергетска ефикасност и користење на обновливи извори на енергија, како и медиумска промоција на проектот преку средствата за јавно информирање.



Повеќе

55. ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ВО ОПШТИНА ВИНИЦА


Проектен број MKD/SGP/OP5/CORE/CC/11/07
Организација Здружение на жени земјоделки АГРО ВИНКА, Виница
Централна област Климатски Промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 24.665 САД$
Период мај 2012 – април 2013

Краток опис

Намалување на продукцијата на CО 2 преку примена на методи и техники за енергетска ефикасност со термоизолација и интервенција во електричното осветлување и замена на необновливи извори на енергија со обновливи (биодизел гориво) во Општинската јавна установа детска градинка ОЈУДГ Гоце Делчев, Виница. Проектните активности ќе бидат пропратени и организирање на обука на волонтерите со цел искуството да го искористат за започнување на мали бизниси и ќе делува на подигање на свеста преку едукативните материјали.



Повеќе

56. ПЛАНИРАЧКИ ГРАНТ: ОДРЕДУВАЊЕ НА ЕКОЛОШКИОТ СТАТУС НА ВРЕТЕНАРОТ ZINGEL BALCANICUS (KARAMAN, 1937) ВО ВОДИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА- ВО ПОТРАГА ПО ВРЕТЕНАРОТ


Проектен број MKD/SGP/OP5/CORE/BD/11/06
Организација МАКЕДОНСКА РИБОЛОВНА ФЕДЕРАЦИЈА МРФ, Скопје
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 2.411 САД$
Период март 2012 – декември 2012

Краток опис

Утврдување на статусот на вретенар, односно дали тој се уште живее во некој дел од македонските водотеци или е исчезнат и доколку се уште е присутен истиот да се заштити од исчезнување.



Повеќе

57. ЗАШТИТА НА ПЕШТЕРА КРШТАЛНА ВО ЗАШТИТЕНОТО ПОДРАЧЈЕ СПОМЕНИК НА ПРИРОДАТА КАЊОН МАТКА, ЖИВЕАЛИШТЕ НА ГЛОБАЛНО ЗАГРОЗЕНИОТ ВИД ДОЛГОКРИЛЕСТ ЛИЛЈАК (MINIOPTERUS SCHREIBERSII)


Проектен број MKD/SGP/OP5/CORE/BD/11/09
Организација Спелеолошко Друштво ПЕОНИ, Скопје
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 10.518 САД$
Период декември 2011 – декември 2012

Краток опис

Заштита на пештерата Крштална (кањон Матка) - живеалиште со глобален приоритет на заштита и IN SITU” заштита на колонијата на глобално загрозениот вид Долгокрилест лилјак (Miniopterus schreibersii) преку оградување на влезот на пештерата според пропишаните стандарди на EUROBATS, пред посетителите на Заштитеното подрачје Кањон Матка и пред пошироката јавност во Македонија, ќе бидат промовирани лилјаците и нивната заштита во природните живеалишта – пештери. Печатен материјал (леток) и информативно-предупредувачка табла ќе бидат користени како алатки за подигање на нивото на еколошка свест и подобрување на однесување на граѓаните за заштита на биолошката разновидност.



Повеќе

58. ИНТЕГРИРАН ПРИСТАП ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИСПУШТАЊЕТО НА НОЗ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО ПЛАСТИЧНИОТ ОТПАД ПРЕКУ ОРГАНИЗИРАНО СОБИРАЊЕ И РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ИСТОТО


Проектен број MKD/SGP/OP5/CORE/CН/11/10
Организација ЦЕНТАР ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ЗАЕДНИЦАТА, Дебар
Централна област Хемикалии / Неразградливи Oргански Загадувачи
ГЕФ ПМГ доделена сума 26.000 САД$
Период декември 2011 – декември 2012

Краток опис

Намалување на испуштени количини на НОЗ од неправилно управување со пластични отпадни шишиња и отпадна пластика во Дебар и Дебарско езеро преку едуцирање и мотивирање на учениците, приватниот сектор (ресторани и хотели), јавноста за потребата за селекција на пластичниот отпад; негово организирано собирање, транспортирање и креирање на приход за заедниците (добиените средства ќе бидат наменети за училиштата за покривање на трошоци за екскурзии и слободни активности поврзани за зачувување на животната средина).



Повеќе

59. ПРЕКУ ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ДО ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНА ОПШТИНА


Проектен број MKD/SGP/OP5/CORE/CC/11/11
Организација РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ, Делчево
Централна област Климатски Промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 29.677 САД$
Период февруари 2012 – јануари 2013

Краток опис

Преземање на енергетско-ефикасни мерки со цел намалување на загадувањето на животната средина особено со стакленички гасови со намалување на емисијата на CO2 од јавното осветлување во с. Тработивиште и намалување на трошоците за енергија во јавното осветлување во општина Делчево. Производство на електрична енергија ќе биде реализирана преку старо динамо кое постоело во селото пред 60 години и кое за да се стави во функција потребно е негово репарирање, реконструкција на просторијата како и обнова на селскиот „јаз“-канал за вода која го придвижува динамото и која помага во производството на електрична енергија. Со спроведувањето ќе се добие електрична енергија за јавното осветлување во с. Тработивиште, ќе се искористи водата како потенцијал за добивање на електрична енергија, ќе се добијат количини на вода од селскиот јаз за наводнување на дворните површини како и ќе бидат работно ангажирани дел од невработените лица во локалната заедница. Дополнително ќе се обезбеди заштеда на електрична енергија од буџетот на општината, и ќе се обнови еден објект кој со своето работење ќе придонесе за развој на посетители и туристи во с. Тработивиште.



Повеќе

60. ДА ГИ ВРАТИМЕ СТАРИТЕ СОРТИ НА ЈАБОЛКА И КРУША НА НАШИТЕ ТРПЕЗИ - ЗГОЛЕМУВАЊЕ


Проектен број MKD/SGP/OP5/CORE/BD/11/12
Организација Здружение на Граѓани АРОНИЈА, Делчево
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 16.716 САД$
Период јануари 2012 – јуни 2013

Краток опис

Зголемување на бројот на стебла со автохтони сорти на јаболка и круша во регионот со презентација на проектот пред локалното население на трите општини (Делчево, Берово и Пехчево), одредување на нови стебла од автохтоните сорти како и заштита на два вида корисни инсекти значајни за одгледувањето на овошни култури.



Повеќе

61. СОБЕРИ ПЕТ ДА ДОБИЕШ 5


Проектен број MKD/SGP/OP5/CORE/CН/11/13
Организација Здружение на информации, обука и одржлив развој ОРТ, Скопје
Централна област Хемикалии / Неразградливи Oргански Загадувачи
ГЕФ ПМГ доделена сума 26.000 САД$
Период април 2012 – мај 2013

Краток опис

Намалување на количините на НОЗ преку создавање на услови за одржливо управување на дел од цврстиот комунален отпад преку едукација на младите луѓе за зголемување на хигиената со примарна селекција и собирање на ПЕТ амбалажа во домаќинствата и училиштата во Општина Центар и Чаир од Скопје и со селективно собирање и продавање на ПЕТ пластична амбалажа како секундарна суровина, што е придонес во остварување на економски интерес и локален развој за непрофитните јавни установи во двете општини.



Повеќе

62. КРЕИРАЊЕ И ПОСТАВУВАЊЕ НА ИНТЕГРИРАН СИСТЕМ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО ОТПАДНАТА ПЕТ АМБАЛАЖА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ИСПУШТАЊЕТО НОЗ ОД ЗАПАЛУВАЊЕ НА ОТПАДНАТА ПЛАСТИЧНА ПЕТ АМБАЛАЖА


Проектен број MKD/SGP/OP5/CORE/CН/11/14
Организација Асоцијација за рециклирање на пластика на Р. Македонија ПЕТРА, Скопје
Централна област Хемикалии / Неразградливи Oргански Загадувачи
ГЕФ ПМГ доделена сума 24.890 САД$
Период март 2012 – март 2013

Краток опис

Намалување на количините на НОЗ кои се испуштаат од заплената отпадна ПЕТ пластична амбалажа во 25 основните училишта со вклучување, мотивирање и едукација на училишта, невладини организации, собирачи за собирање на отпадна ПЕТ амбалажа, креирање систем за организирано собирање на отпадна ПЕТ амбалажа од училиштата и создавање услови за одржливо работење како и подигање на јавната свест за штетноста од испуштање на НОЗ во животната средина.



Повеќе

63. НАМАЛУВАЊЕ НА CO2 ПРЕКУ ЗАМЕНА НА ФОСИЛНО ГОРИВО СО БИОМАСА - ДРВЕН ОТПАД


Проектен број MKD/SGP/OP5/CORE/CC/11/15
Организација НАЦИОНАЛНО ЗДРУЖЕНИЕ НА СОПСТВЕНИЦИ НА ПРИВАТНИ ШУМИ, Берово
Централна област Климатски Промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 28.715 САД$
Период декември 2011 – мај 2013

Краток опис

Намалување на СО 2 емисиите преку дополнување на постојниот котел кој работи на фосилно гориво и со кој се загрева училишна зграда во село Двориште – општина Берово со инсталација на нов котел кој работи на дрвна иверка. Проектните активности вклучуваат и промоција и подигање на свеста за можноста за употреба на обновливи извори на енергија.



Повеќе

64. ЗАШТИТА НА МАКЕДОНСКАТА АВТОХТОНА ПОПУЛАЦИЈА НА МЕДОНОСНИ ПЧЕЛИ (APIS MELLIFERA MACEDONICA) ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


Проектен број MKD/SGP/OP5/CORE/BD/11/16
Организација Пчеларско здружение ЕКО-ПЧЕЛА, Скопје
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 25.484 САД$
Период април 2012 – октомври 2013

Краток опис

Заштитата на постоечката популација на автохтоната македонска медоносна пчела преку формирање основна популација на пчелни семејства (базен пчеларник) во регионот на Свети Николе (с. Малино) и негова регистрација како одгледувачки центар; формирање оплодна станица со трутовски семејства во регионот на Гевгелија (с. Негорци) како и одгледување и тестирање на пчелните семејства и производство на пчелни матици. Се планира и едукација на одгледувачите на пчели за спроведување на специфичните принципи на Добра пчеларска практика при одгледување на пчелни семејства како и промоција и подигнување на стручната и јавната свест за заштитата на автохтоната македонска медоносна пчела преку организирање на трибини, учество во радио и телевизиски емисии, публикување на информативни летоци и развивање на интернет страница.



Повеќе

65. ЗА ЕНЕРГЕТСКО ЕФИКАСНИ УЧИЛИШТА


Проектен број MKD/SGP/OP5/CORE/CC/11/17
Организација Здружение на Граѓани ЕKO-ВИТА, Скопје
Централна област Климатски Промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 28.715 САД$
Период декември 2011 – мај 2013

Краток опис

Енергетско-ефикасни мерки со цел намалување на загадувањето на животната средина, особено со стакленички гасови со намалување на емисијата на СО2 од јавните објекти во Општина Арачиново како и намалување на трошоците за осветлување во јавните објекти во Општина Арачиново. Главните проектни активности ќе се спроведат во двата објекти на ОУ Ѓерѓ Кастриоти Скендербеу – Арачиново каде ќе се изврши замена на постојните стари неефикасни светилки со поставување на 470 енергетско- ефикасни неонски светилки и со цел да се намалат трошоците за осветлување, ќе се постават на 5 рефлектори со сензор на влезните врати од објектите.



Повеќе

66. ОДГЛЕДУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ДОМАШНА АВТОХТОНА РАСА НА ГОВЕДА БУША


Проектен број MKD/SGP/OP5/Y2/CORE/BD/12/01
Организација Здружение на Производители на Органска Храна ЗЛАТНО РУНО, с. Горно Крушје (Македонски Брод)
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 25.000 САД$
Период јануари 2013 – август 2014

Краток опис

Одгледување и заштита на автохтона раса на говеда - Буша со формирање на репроцентар за одгледување и производство на селектирани приплодни грла Буши, искористување на природните пасишта, одржување на природата а со тоа и заштита од пожари, создавање на приходи како главен и дополнителен за локалното населените, реновирање/ставање во функција и одржување на стари неискористени објекти како и промоција на одржливи фарми со автохтони раси домашни животни.



Повеќе

67. ЗАШТИТА НА АВТОХТОНИОТ ВИД -ДОМАШЕН БИВОЛ


Проектен број MKD/SGP/OP5/Y2/CORE/BD/12/02
Организација Здружение на граѓани БУША, Скопје
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 26.450 САД$
Период март 2013 – јуни 2014

Краток опис

Заштита на автохтониот домашен бивол како и негово бројно зголемување и ширење преку зголемување на капацитетот на фарма со биволи, со цел да не се дозволи исчезнување на 19биволот од нашите простори. Цел е и економска одржливост на ова сточарско производство, јакнење на локалните човечки капацитети и потенцијали како и економска корист како поттик и за други здруженија за реплицирање на еден ваков проект и со тоа и зголемен број на биволи.



Повеќе

68. ЗАШТИТА НА ДОМАШНАТА АВТОХТОНА СРЕБРЕНА КОКОШКА


Проектен број MKD/SGP/OP5/Y2/CORE/BD/12/03
Организација Здружение на граѓани СРЕБРЕНА КОКОШКА-СРЕБРА, Скопје
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 24.700 САД$
Период март 2013 – август 2014

Краток опис

Пронаоѓање и собирање на карактеристични единки од домашната автохтона сребрена кокошка – Сребра која опстојувала на територијата на Р. Македонија, ставање под систематска контрола и конзервирање на лоцираните генотипови кои соодветствуваат со описите за изгледот на старите селски кокошки, по што би следел период на планирана репродукција, со низа повратни парења, заради консолидација на различните фенотипски соеви - линии во рамките на генотипот.



Повеќе

69. СОНЦЕТО ИЗВОР НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА: НАМАЛЕНО ИСПУШТАЊЕ НА СО 2 – НАМАЛЕНИ КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ


Проектен број MKD/SGP/OP5/Y2/CORE/CC/12/04
Организација Здружение за едукација, комуникација и консалтинг ОХО, Скопје
Централна област Климатски Промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 25.966 САД$
Период јануари 2013 – јануари 2014

Краток опис

Намалување на климатските промени преку намалена емисија на CO2 во воздухот преку спроведување на мерки за енергетска ефикасност во СОУ Кочо Рацин, Велес (Поставување на енергетски ефикасни светилки, повратни механизми за затворање на вратите во влезовите, мерачи на температура во училиштето, креирање на план за заштеда на енергија во училиштето врз основа на првиот еко- стандард за заштеда на енергија и формирање на еколошки фонд во општина Велес преку финансиските заштедите од училиштата, за реализација на практични еколошки проекти во останатите училишта од општината), како и едуцирање на локалното население за придобивките од преземањето мерки за енергетска ефикасност и подигнување на свеста за заштеда на електрична енергија и штетното влијание на СО2.



Повеќе

70. ЗАШТИТА НА АВТОХТОНАТА РАСА НА ГОВЕДА БУША - РЕПЛИКАЦИЈА


Проектен број MKD/SGP/OP5/Y2/CORE/BD/12/05
Организација Здружение на граѓани ЧЕКОР НАПРЕД, Скопје
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 26.950 САД$
Период март 2013 – јуни 2014

Краток опис

Заштита на единствената автохтона раса говеда – Буша. Бушата може да се јави во некој од соевите (кафеав, сив, црн, црвен и тигрест сој. Со проектот се планира пронаоѓање на карактеристични единки од гореспоменатите соеви кое ги претставуваат фенотипот и генотипот на тие единки, нивно одгледување, контролирано парење, зголемување и понатаму нивна селекција со цел подобрување на нивните продукциски можности, се со цел да се подобри економската издржливост на ова производство со што би се заинтересирале луѓето да ги одгледуваат во што поголем број.



Повеќе

71. ОПШТИНА БОГОВИЊЕ - ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНА ОПШТИНА


Проектен број MKD/SGP/OP5/Y2/CORE/CC/12/06
Организација Здружение на граѓани за ЛОКАЛЕН И РУРАЛЕН РАЗВОЈ, Камењане
Централна област Климатски Промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 21.330 САД$
Период декември 2012 – декември 2013

Краток опис

Создавање на услови за намалување на климатските промени во општина Боговиње, преку подобрена енергетска ефикасност на уличното осветлување, зголемување на информираноста и градење на капацитетите на засегнатите страни вклучени во прашањата поврзани со енергетска ефикасност, креирање на програма и акциски план за енергетска ефикасност и организирање на едукативна кампања за подигање на јавната свест на локалното население.



Повеќе

72. ЕКОСФЕРА- ЕКОЛОШКА ПЛАТФОРМА


Проектен број MKD/SGP/OP5/Y2/CORE/СС/12/07
Организација Центар за истражување и информирање за животната средина ЕКО-СВЕСТ, Скопје
Централна област Климатски Промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 25.000 САД$
Период јануари 2013 – јули 2014

Краток опис

Подобрување и развивање на капацитетите на еколошките здруженија за активно учество во консултативните процеси, за адекватно разменување на информации, за следење на влијанијата врз животната средина и еколошките трендови на локално ниво. При тоа ќе се создаде електронска платформа (ekosfera.mk) која ќе ги опфаќа следните елементи: веб страница (портал), форум (поставен на веб страницата), електронски петиции (поставени на веб страницата), кориснички бази (поставени на веб страницата) и мобилни апликации.



Повеќе

73. КАРАКТЕРИЗАЦИЈА НА БИОЛОШКАТА РАЗНОВИДНОСТ НА ШАРПЛАНИНЕЦОТ, НЕГОВАТА ДИСПЕРЗИЈА И РЕИНТРОДУКЦИЈА ВО РУРАЛНИТЕ ПОДРАЧЈА И ОДГЛЕДУВАЧИ НА РАСАТА


Проектен број MKD/SGP/OP5/Y2/CORE/BD/12/08
Организација Македонско еколошко друштво МЕД, Скопје
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 24.860 САД$
Период март 2013 – јуни 2014

Краток опис

Конзервација на расата односно зачувување на биолошката разновидност на Шарпланинецот преку дисперзија и реинтродукција на грлата во руралните средини. Реализацијата на оваа цел ќе биде пропратена со соодветни активности кои би ги дефинирале идните насоки за развој и одржување на расата но и би го карактеризирале геномот на кучето со цел да се идентификува неговата уникатност и специфичност.



Повеќе

74. ПЛАНИРАЧКИ ГРАНТ: ЗАШТИТА НА ПЕШТЕРА КРШТАЛНА ВО ЗАШТИТЕНОТО ПОДРАЧЈЕ СПОМЕНИК НА ПРИРОДАТА КАЊОН МАТКА, ЖИВЕАЛИШТЕ НА ГЛОБАЛНО ЗАГРОЗЕНИОТ ВИД ДОЛГОКРИЛЕСТ ЛИЛЈАК (MINIOPTERUS SCHREIBERSII).


Проектен број MKD/SGP/OP5/Y2/CORE/BD/12/09
Организација Спелеолошко Друштво ПЕОНИ, Скопје
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 2.000 САД$
Период декември 2011 – декември 2012

Краток опис

Идентификација на подземните објекти кои се најзначајни, односно оние во кои престојуваат големи колонии на лилјаци.



Повеќе

75. ПЛАНИРАЧКИ ГРАНТ: ЗАШТИТА И КАРАКТЕРИЗАЦИЈА НА АВТОХТОНАТА ПОПУЛАЦИЈА ОВЦИ – КАРАКАЧАНСКА ОВЦА


Проектен број MKD/SGP/OP5/Y2/CORE/BD/12/10
Организација Друштвото за едукација АКАДЕМИК, Крушево
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 2.000 САД$
Период февруари 2013 – август 2013

Краток опис

Утврдување на статусот на каракачанската овца во Република Македонија како и евентуалното постоење на производи карактеристични за каракачанската овца.



Повеќе

76. СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА


Проектен број MKD/SGP/OP5/Y2/CORE/CC/11/11
Организација Здружение за прифат, лекување, рехабилитација и ресоцијализација на корисници од дрога ИЗБОР, Струмица
Централна област Климатски Промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 18.864 САД$
Период јануари 2013– октомври 2014

Краток опис

Користење на сончевата енергија преку сончеви фотоволтаици за добивање на електрична енергија за потребите на објектот на здружението а каде се спроведуваат програми за прифат, третман, лекување, рехабилитација и реинтеграција на лица со проблеми заради злоупотреба на психоактивни супстанции.



Повеќе

77. ПОДДРШКА ВО ВОСПОСТАВУВАЊЕТО НА ОДРЖЛИВ СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БИОРАЗГРАДЛИВ ОТПАД ОД ЗЕМЈОДЕЛСКИ И ДРУГИ АКТИВНОСТИ ВО СЛИВОТ НА ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО


Проектен број MKD/SGP/OP5/Y2/CORE/IW/12/12
Организација Здружение на овоштари БЛАГОЈА А КОТЛАРОВСКИ, Ресен
Централна област Меѓународни води
ГЕФ ПМГ доделена сума 24.880 САД$
Период јануари 2013 – јануари 2014

Краток опис

Подобрување на квалитетот на водата на Преспанското Езеро преку намалување на неконтролираното, неправилното и штетно одлагање на органски отпад од земјоделството и негово рециклирање во еколошки и економски исплатлив производ - компост. Како проектни активности се предвидуваат: Практични обуки и воведување на компостирањето во наставниот процес, спроведување на јавна информативно -промотивна акција со промотивни материјали, едукативни работни посети на терен; јавни настани, спроведување на мониторинг, Одредување на 4 локации со собирни станици во кои земјоделците ќе го одлагаат биоразградливиот отпад.



Повеќе

78. ПЛАНИРАЧКИ ГРАНТ: ФОТОВОЛТАИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА ТРОТОАРИТЕ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА


Проектен број MKD/SGP/OP5/CORE/CН/11/13
Организација Еколошко друштво ЗДРАВЕЦ 2002, Македонска Каменица
Централна област Климатски Промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 2.000 САД$
Период декември 2012 – мај 2013

Краток опис

Испитување на можноста за замена на уличното осветлување во Македонска Каменица со енергетски ефикасни светилки/електрична енергија од сонцето.



Повеќе

79. ШТЕДЕЈЌИ ЕНЕРГИЈА–ИНВЕСТИРАМЕ ВО ИДНИНАТА


Проектен број MKD/SGP/OP5/Y3/STAR/CC/13/01
Организација Здружение на граѓани БЕЛА БРЕЗА Босилово
Централна област Климатски Промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 18.200 САД$
Период јануари 2014 – декември 2015

Краток опис

Заштедата на енергија – ефикасен метод за намалување на стакленичките гас СО 2 со што се намалуваат климатските промени со заштеда на енергија – фосилно гориво и намалување на трошоците за греење во Основното училиште ,,Кирил и Методиј“ во Турново, општина Босилово.



Повеќе

80. СОНЧЕВА ЕЛЕКТРИЧНА И ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЕМИСИИ НА СО 2 ОД ГРАДИНКА


Проектен број MKD/SGP/OP5/Y3/STAR/CC/13/02
Организација Здружението за поддршка на економскиот развој – ЛОКАЛНА АКЦИОНА ГРУПА ЛАГ, Кочани
Централна област Климатски Промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 22.670 САД$
Период јануари 2014 – декември 2014

Краток опис

Намалување на емисиите на СО 2 со заштеда на електрична енергија и финансиски средства. Оваа цел ќе се постигне со тоа што во клон 1 од детската градинка ќе се постават хибридни сончеви колектори кои истовремено произведуваат електрична енергија и затоплуваат вода. Клон 1 е избран од причина што овде се наоѓа главната кујна каде што се подготвува храната за сите 4 клона на детската градинка, а тоа значи дека се троши многу поголема количина на топла вода, како за подготвување на храната, така и за миење на садовите. Топлата вода, која засега се загрева на електрична енергија, е потребна и за загревање на водата во бојлерите во јаслите која што се користи за капење на дечињата. Дел од добиената електрична енергија ќе се користи и за осветлување на просториите.



Повеќе

81. ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ ВО ОПШТИНА ВРАПЧИШТЕ


Проектен број MKD/SGP/OP5/Y3/STAR/CC/13/03
Организација Еколошкото друштво ЕЦО АЦТИОН, Тетово
Централна област Климатски Промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 12.800 САД$
Период декември 2013 – декември 2014

Краток опис

Намалување на стакленичкиот гас СО 2 со енергетска ефикасност во уличното осветлување во општина Врапчиште со: набавка и инсталација на опрема – штедливи сијалици (демонтажа на старите светилки и инсталација на нови HPSL светилки), обука за претставниците на вклучените општини за користење на системот за следење на енергетската ефикасност на општинско ниво ExCITE, креиран од УНДП и со организирање на едукативна кампања за подигање на јавната свест за зголемување на енергетската 23ефикасност и искористување на обновливи извори на енергија.



Повеќе

82. НАМАЛУВАЊЕ НА ЕМИСИЈАТА НА CO 2 ПРЕКУ ЗАМЕНА НА ФОСИЛНО ГОРИВО СО БИОМАСА – ДРВЕН ОТПАД ВО ПОЛОШКИОТ РЕГИОН


Проектен број MKD/SGP/OP5/Y3/STAR/CC/13/04
Организација Здружение на граѓани МДЦ-Ти.НЕТ, Скопје
Централна област Климатски Промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 16.821 САД$
Период декември 2013 – ноември 2014

Краток опис

Создавање на услови за намалување на климатските промени во руралните општини од Полошкиот регион (Брвеница), преку намалување на емисиите на CO 2 , како локален придонес кон глобалната општа цел – намален ефект од климатските промени со инсталирање на котел кој работи на обновлив извор на енергија – дрвна биомаса, јакнење на капацитетите на општинските власти за спроведување на Програмата за енергетска ефикасност, вклучително и штедење на енергија на локално ниво; организирање на Едукативни кампањи за подигнување на јавната свест за енергетска ефикасност и користење на обновливи извори на енергија – ОИЕ и поддршка во иницирање за формирање на Здружение на граѓани во општина Брвеница.



Повеќе

83. ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНА ОПШТИНА – 4. ДЕЛ


Проектен број MKD/SGP/OP5/Y3/STAR/CC/13/05
Организација Здружение на граѓани ПРОАКТИВА, Скопје
Централна област Климатски Промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 24.574 САД$
Период јануари 2014 – март 2015

Краток опис

Преземање на енергетско-ефикасни мерки со цел намалување на загадувањето на животната средина со стакленичкиот гас СО 2 , преку намалување на емисијата на јаглерод диоксид од јавните објекти во Општината Дебарца, намалување на трошоците за енергија во јавните објекти во Општината Дебарца и со организирање на теоретска и практична обука на локалното население за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.



Повеќе

84. СО ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ АКЦИИ ДО НАМАЛЕНО ИСПУШТАЊЕ НА CO 2 И ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА ВО ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ГОСТИВАР


Проектен број MKD/SGP/OP5/Y3/STAR/CC/13/06
Организација Здружение на граѓани ДРИТА АГВ, Гостивар
Централна област Климатски Промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 36.000 САД$
Период декември 2012 – декември 2013

Краток опис

Создавање на услови за намалување испуштање на СО 2 преку енергетска ефикасност во ОУ„Гоце Делчев“ Гостивар и тоа со намалување на потрошувачката за топлинска енергија од фосилни горива ќе се намали емисијата на штетни гасови (СО 2 ) а индиректно ќе има позитивен ефект врз животната средина, како и зголемување на свеста на граѓаните од придобивките од придржување кон насоките за енергетска ефикасност на општината Гостивар



Повеќе

85. ОД ЕКОСОНЧЕВА-АКЦИЈА ДО СПОРТСКА СТРАТЕГИЈА


Проектен број MKD/SGP/OP5/Y3/STAR/CC/13/07
Организација Здружение на граѓани за развој на културата и спортот ВЕЛЕС ФЕСТ, Велес
Централна област Климатски Промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 20.400 САД$
Период февруари 2014 – февруари 2015

Краток опис

Преземање на енергетски ефикасни мерки за намалување на климатските промени во Општина Велес, преку поставување на сончев систем на Спортската сала Гемиџии односно со намалување на потрошувачката на електрична енергија и емисијата на CO2 во Спортската сала Гемиџии, градење на капацитети и подигнување на еколошката свест за намалување на штетното влијание на стакленички гасови и промоција на користење на енергетско обновливи извори на енергија.



Повеќе

86. НАМАЛУВАЊЕ НА ИСПУШТАЊЕ НА НО3 ПРЕКУ НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАСТИЧНА АМБАЛАЖА СО РЕЦИКЛИРАЊЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА И БОГДАНЦИ


Проектен број MKD/SGP/OP5/Y3/STAR/CH/13/08
Организација Здружение на граѓани ПОДДРШКА, Гевгелија
Централна област Хемикалии / Неразградливи Oргански Загадувачи
ГЕФ ПМГ доделена сума 11.062 САД$
Период февруари 2014 – март 2015

Краток опис

Намалување на отпадната пластика а со тоа и испуштањето на неразградливите органски загадувачи – НОЗ во општините Гевгелија и Богданци со воспоставување систем за собирање и продажба на ПЕТ амбалажата, друга пластика и отпадна земјоделска фолија, поставување на инфраструктурата за селективно собирање на ПЕТ, земјоделска фолија и друга пластична амбалажа и организирање на едукативно промотивно активности: изработка на едукативен и промотивен материјал, предавања за децата во основните училишта, организирање на јавни манифестации со игра и песна од децата со еко -порака и организирање на трибини во месни заедници во општините Гевгелија и Богданци.



Повеќе

87. САЕМ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПРОЕКТИТЕ НА ГЕФ ПМГ МАКЕДОНИЈА – ЕКОСАЕМ


Проектен број MKD/SGP/OP5/Y3/STAR/CD/13/09
Организација Здружението за уметност, креативност и култура ДЕНИЦА, Скопје
Централна област Развој на капацитети
ГЕФ ПМГ доделена сума 26.060 САД$
Период јануари 2014 – октомври 2014

Краток опис

Промовирање на активностите на ГЕФ ПМГ во Република Македонија и придобивките за Република Македонија од реализацијата на проектите поддржани од ГЕФ ПМГ преку презентација на сите досегашни успешно спроведени проекти на еден заеднички настан со што ќе се подигне свеста кај населението дека може и треба да се направи нешто за подобра животна средина.



Повеќе

88. ПЛАНИРАЧКИ ГРАНТ: УТВРДУВАЊЕ НА АВТОХТОНОСТА НА СТАРАТА СОРТА НА КИКИРИТКА


Проектен број MKD/SGP/OP5/Y3/STAR/BD/13/10
Организација Здружението на граѓани ГРИНВИЗИЈА, Турновово
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 2.000 САД$
Период јануари 2014 – декември 2014

Краток опис

Утврдување на автохтоноста на старата автохтоната сорта на кикиритка позната во цела Македонија под името Струмичка кикиритка а единствено која успева во подбеласичкиот регион (Мокриево, Мокрино и Колешино) и која е доста квалитетна и доста барана на пазарот.



Повеќе

89. ЗАШТИТА И РАСПРОСТРАНУВАЊЕ НА АВТОХТОНА СОРТА НА КОМПИР ВАЖНА ЗА АГРОБИОДИВЕРЗИТЕТОТ


Проектен број MKD/SGP/OP5/Y3/STAR/BD/13/11
Организација Здружение на граѓани производители на органска храна ЕКОФАРМ, Крива Паланка
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 21.800 САД$
Период јануари 2014 – јуни 2015

Краток опис

Заштита, производство на семе и распространување на автохтона сорта компир важен вид за агробиодиверзитетот Бинтије во ненаселените и тешко пристапни делови на општина Крива Паланка и ридско - планинските делови на Република Македонија. Се очекува со проектот да се организиран репроцентар со цел да ја заштити селектира, размножи и врати на полињата оваа вкусна и ароматична сортата Бинтије на површините пошироко во планинските предели низ државата, а со тоа и ги задоволи потребите на пазарот и љубителите на вкусен и ароматичен компир.



Повеќе

90. ЗАШТИТА НА АВТОХТОНАТА ПОПУЛАЦИЈА ОВЦИ – КАРАКАЧАНСКА ОВЦА


Проектен број MKD/SGP/OP5/Y3/STAR/BD/13/12
Организација Друштвото за едукација АКАДЕМИК, Крушево
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 22.780 САД$
Период февруари 2014 – април 2015

Краток опис

Заштита на каракачанската овца, популација на овци која е во критична состојба според критериумите на ФАО. Ова подразбира преземање на низа мерки кои ќе овозможат зачувување и карактеризација на биолошката разновидност на каракачанската овца. Реализацијата на севкупните проектни активности ќе овозможат истовремено и одржливо користење на анималните генетски ресурси преку повеќе меѓусебно поврзани активности.



Повеќе

91. ЗАШТИТА И ОБНОВУВАЊЕ НА АВТОХТОНИТЕ СОРТИ НА КАЈСИИ И КРУШИ ВО ОКОЛИНАТА НА МАРКОВ МАНАСТИР


Проектен број MKD/SGP/OP5/Y3/STAR/BD/13/13
Организација Здружение на граѓани ЕКО ГОЛ ДРВО, Скопје
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 24.730 САД$
Период март 2014 – јуни 2015

Краток опис

Заштита и обнова на стари сорти на кајсија и круша заштита во Криво Паланечкиот регион со Зголемување на бројот на стебла со автохтони сорти на кајсија и круша во регионот, со калемени стебла од расадник, Градење на капацитетите на членовите на здружението и на населението од околината на село Љубинци, општина Ранковце и Заштита на животната средина со обработка на запуштено земјиште и производство на биохумус од црви.



Повеќе

92. ОДРЖЛИВА БИОРАЗНОВИДНОСТ НА БУКОВСКАТА ПИПЕР


Проектен број MKD/SGP/OP5/Y3/STAR/BD/13/14
Организација Здружение за заштита, промоција и едукација за храна СЛОУ ФУД, Битола
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 10.000 САД$
Период април 2014– јуни 2015

Краток опис

Заштита на црвената буковска пиперка која е локално карактеристичен и важен растителен генетски ресурс (РГР) и белег на македонската традиционална гастрономија. Денес е редок во својата изворна форма, со опасност да исчезне, затоа целта на проектот е популаризација на начинот на одгледување и преработка во зачинот “буковска пипер” кој е единствен во Република Македонија.



Повеќе

93. ПРОЕКТ ЗА ЕХ-SITU ЗАШТИТА И РЕИНТРОДУКЦИЈА НА ВРЕТЕНАРОТ (ZINGEL BALCANICUS KARAMAN 1937) ВО ВОДИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


Проектен број MKD/SGP/OP5/Y3/STAR/BD/13/15
Организација МАКЕДОНСКАТА РИБОЛОВНА ФЕДЕРАЦИЈА МРФ, Скопје
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 22.103 САД$
Период март 2014 – април 2014

Краток опис

Заштита од исчезнување видот вретенар (Zingel balcanicus Karaman 1937) во водите на Република Македонија, значаен (од научен и биолошки аспект) ендемичен вид риба со негово чување во контролирани услови, обид за негово вештачко мрестење. Доколку се успее да се одржи жив, да се добие потомство и да се одгледа во контролирани услови, со што може со сигурност да се смета дека е направен огромен чекор во правец на негова заштита и опстанок. Во иднина произведениот и одгледан подмладок ќе се употреби за порибување и ќе се направи негова реинтродукција во водите од каде што е исчезнат.



Повеќе

94. ПЛАНИРАЧКИ ГРАНТ: ЗАШТИТА И КАРАКТЕРИЗАЦИЈА НА ШАРПЛАНИНСКА ОВЦА АВТОХТОНАТА ПОПУЛАЦИЈА ОВЦИ


Проектен број MKD/SGP/OP5/Y3/STAR/BD/13/16
Организација Регионално Здружение на одгледувачи на овци и преработувачи на овчо млеко во западна Македонија РЗООПОМЗМ – Гостивар
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 2.000 САД$
Период февруари 2014 – август 2014

Краток опис

Заштита на шарпланинската овца, која претставува автохтона популација овци која е настаната во специфични микроклиматски, хранидбени услови и услови на одгледување во РМ.



Повеќе

95. ПЛАНИРАЧКИ ГРАНТ: ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ПОСТОЕЊЕТО НА АВТОХТОНА РАСА НА СВИЊИ - ШИШКИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ПРЕДЛАГАЊЕ НА МЕРКИ ЗА НИВНА ЗАШТИТА


Проектен број MKD/SGP/OP5/Y3/STAR/BD/13/17
Организација Граѓански центар за одржлив развој ЕГРИ, Крива Паланка
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 2.000 САД$
Период јануари 2014 – јули 2014

Краток опис

Инвентаризација, идентификација и конзервација на автохтона раса на свињи шишки во македонски услови врз економски одржливи принципи.



Повеќе

96. ПЛАНИРАЧКИ ГРАНТ: АКТИВНА ЗАШТИТА НА АМБАРСКИОТ БУВ (TYTO ALBA) ВО СКОПСКАТА КОТЛИНА


Проектен број MKD/SGP/OP5/Y3/STAR/BD/13/18
Организација Здружение за заштита на бувовите на Македонија МОТ – Мацедониан Овл Труст, Скопје
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 2.000 САД$
Период февруари 2014 – август 2014

Краток опис

Намалување или престанок на користење хемиски отрови во областите во Скопската котлина каде се произведува храна и каде се наоѓа и природното живеалиште на Амбарскиот був, подобрување на јавното мислење за важноста на овој ноќен грабливец и потребата од негова активна заштита.



Повеќе

97. ПЛАНИРАЧКИ ГРАНТ: ПРОЦЕНКА НА ЗАКАНИТЕ ВРЗ ГАБАТА BATTARREA PHALLOIDES ПРЕКУ МОНИТОРИНГ НА СОСТОЈБАТА СО ПОПУЛАЦИЈАТА


Проектен број MKD/SGP/OP5/Y3/STAR/BD/13/19
Организација МАКЕДОНСКОТО МИКОЛОШКО ДРУШТВО, Скопје
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 2.000 САД$
Период јануари 2014 – јануари 2015

Краток опис

Заштита на габата Battarrea phalloides која е многу редок вид во Европа. Во Македонија ја има само на островот Голем Град во Преспанско Езеро со популација која брои повеќе од 50 единки и веројатно е најголемата популација на овој вид во Европа.



Повеќе

98. НАМАЛУВАЊЕ НА CO 2 И ЗАШТЕДА НА ФИНАНСИИ ПРЕКУ ЗАМЕНА НА ФОСИЛНО ГОРИВО СО ОБНОВЛИВ ИЗВОР НА ЕНЕРГИЈА ВО ПРЕТШКОЛСКАТА УСТАНОВА ВО ПЕХЧЕВО


Проектен број MKD/SGP/OP5/Y4/STAR/CC/14/01
Организација Центар за лековити билки и шумски плодови АМБРОЗИЈА, Пехчево
Централна област Климатски промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 20.000 САД$
Период ноември 2014 – ноември 2015

Краток опис

Намалено влијание од климатски промени преку намалено испуштање на CO 2 во Пехчево преку Заменето фосилно гориво со обновлив извор на енергија – биомаса за затоплување на ОЈУДГ „7-ми Септември“ – Пехчево и подигнување на јавна свест за влијанието на климатските промени на локално ниво и можностите за користење на ОИЕ (сонце и биомаса) на локално ниво за затоплување на детската градинка во Пехчево.



Повеќе

99. РЕЗУЛТАТИ И ДОСТИГНУВАЊА ОД РАБОТАТА НА ГЕФ ПМГ МАКЕДОНИЈА


Проектен број MKD/SGP/OP5/Y3/CORE/СD/14/02
Организација Здружението за уметност, креативност и култура ДЕНИЦА, Скопје
Централна област Развој на капацитети
ГЕФ ПМГ доделена сума 15.000 САД$
Период декември 2014 – септември 2015

Краток опис

Прикажување на постигнати, евидентирани и прикажани на јавноста резултати и достигнувања од проектните активности на ГЕФ ПМГ Македонија во периодот 2005-2015. При тоа следните активности се планирани: 1. Подготовка на публикација која што ќе се промовира на настанот на 5 јуни 2015, 2. Подготовка на видео кое ќе се промовира на настанот на 5 јуни 2015 и 3. Настан: Промоција на резултатите од проектните активности на ГЕФ ПМГ Македонија на централен јавен настан Одбележување на 10-годишнината на ГЕФ ПМГ организиран на 5 јуни 2015



Повеќе

ОПЕРАТИВНА ФАЗА 6

100. ПРЕДЛОГ ПРОЕКТ ЗА ИЗРАБОТКА НА НАЦИОНАЛНА ПРОГРАМСКА СТРАТЕГИЈА ЗА ОПЕРАТИВНАТА ФАЗА 6 (ОФ6) 2014-2018 ЗА ГЕФ


Проектен број MKD/SGP/OP6/Y1/CORE/CD-CPS/15/01
Организација Земјоделски Институт Скопје
Централна област Развој на капацитети
ГЕФ ПМГ доделена сума 24.840 САД$
Период ноември 2015 – март 2016

Краток опис

Изработка на Национална Програмска стратегија на ГЕФ ПМГ за Оперативна фаза 6 преку консултации, изработка и анализа на моменталната национална состојба, историските текови, предизвиците и проблемите земајќи ги во предвид главните стратешки иницијативи на ПМГ за Оперативната фаза 6: 1.Зачувување на пејзажите на локално ниво, 2. Климатско прикладни Агро еколошки пракси, 3. Придобивки од пристап до ниско јаглеродна енергија, 4. Локални со Глобални коалиции за ракување со хемикалии, 5. Дијалози за политики и планови помеѓу Здруженија на граѓани (НВО) и Владата, 6. Промовирање на социјално приклучување (вклучување на младите, жените и родова еднаквост, маргилизираните групи), 7. Платформи за размена на глобално знаење/ умеење (електронски библиотеки на локалните иновации и иницијативи и размена на иновациите и знаењето).



Повеќе

101. Заштита на автохтоната раса на говеда - БУША


Проектен број MKD/SGP/OP6/Y2/CORE/BD/2016/01
Организација Здружение ЧЕКОР НАПРЕД, Скопје
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 19.200 САД$
Период февруари 2017 – мај 2018

Краток опис

Генерална цел на проектот е заштита на единствената автохтона раса говеда – Буша. Бушата може да се јави во некој од соевите: кафен, сив, црн, црвен и тигрест сој. Основната цел е пронаоѓање на карактеристични единки од гореспоменатите соеви кое ги претставуваат фенотипот и генотипот на тие единки, нивно одгледување, контролирано парење, зголемување и понатаму нивна селекција со цел подобрување на нивните продукциски можности, се со цел да се подобри економската издржливост на ова производство со што би се заинтересирале луѓето да ги одгледуваат во што поголем број. Проектната цел ќе биде насочена кон зачувување на кафеавиот и сивиот сој. Воедно, избраната локација (с. Бразда во општина Чучер Сандево) поради близината со факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, би била и показна фарма за сегашни и идни студенти.



Повеќе

102. Карактеризација на биолошката разновидност на шарпланинецот, негова дисперзија и реинтродукција во рурални подрачја и одгледувачи на раст


Проектен број MKD/SGP/OP6/Y2/CORE/BD/2016/02
Организација Здружение за одржливо земјоделство ЛАП ТЕ, Скопје
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 21.850 САД$
Период февруари 2017 – мај 2018

Краток опис

Генерална цел на проектот е конзервација на расата односно зачувување на биолошката разновидност на Шарпланинецот преку дисперзија и реинтродукција на грлата во руралните средини на Полошкиот, Источниот и Југоисточниот регион на Република Македонија. Реализацијата на оваа цел ќе биде пропратена со соодветни активности кои би ги дефинирале идните насоки за развој и одржување на расата, но и би го карактеризирале геномот на кучето со цел да се идентификува неговата уникатност и специфичност.



Повеќе

103. Заштита на домашниот бивол (Планирачки грант)


Проектен број MKD/SGP/OP6/Y2/CORE/BD/2016/03
Организација Здружение БУША, Скопје
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 2.980 САД$
Период февруари 2017 – август 2017

Краток опис

Генерална цел на проектот е истражување за состојбата на заштита на генетските ресурси на домашниот бивол во н. Градско Балдовци во Струмица, поради постоење на индиции за нивно потполно исчезнување како вид од овие простори



Повеќе

104. Заштита на многу ретките автохтони сорти на круши од исчезнување во дел од Северо-источниот плански регион на република Македонија (општините Старо Нагоричане, Ранковце и Крива Паланка) (Планирачки грант)


Проектен број MKD/SGP/OP6/Y2/CORE/BD/2016/04
Организација Здружение за поддршка и развој на бизнисот и претприемчивото БИЗНИС КЛУБ, Крива Паланка
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 2.600 САД$
Период март 2017 – август 2017

Краток опис

Генерална цел на проектот е истражување за состојбата на повеќе видови на автохтони круши (петровка, илинденка, жутајка, бегрем, воденка, тиранка, какишка и трупњак) во дел од Североисточниот плански регион во Република поради постоење на индиции за нивно потполно исчезнување како сорти од овие простори.



Повеќе

105. Инвентаризација, Карактеризација и заштита на биолошката разновидност на овчарското куче Караман (Планирачки грант)


Проектен број MKD/SGP/OP6/Y2/CORE/BD/2016/05
Организација Центар за младински иницијативи ЦИК ЦАК, Крива Паланка
Централна област Биолошка разновидност
ГЕФ ПМГ доделена сума 2.800 САД$
Период февруари 2017 – септември 2017

Краток опис

Генерална цел на проектот е давање на допринос за зачувување на биодиверзитетот во Република Македонија преку предлагање и спроведување на активни мерки за заштита на автохтоната раса на куче Караман со утврдување на бројната состојба и половата структура на грлата и локација на фарми, препораки за одгледување како и утврдување на можности за здружување на одгледувачите.



Повеќе

106. Намалување на емисиите на CO2 во ООУ Гоце Делчев с. Босилово со користење на биомаса и сончева енергија


Проектен број MKD/SGP/OP6/Y2/CORE/CC/2016/06
Организација ЦЕОР, Босилово
Централна област Климатски промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 9.540 САД$
Период јануари 2017 – декември 2017

Краток опис

Генерална цел на проектот е намалување на емисиите на стакленички гасови од локална подстаница за затоплување (училишна зграда во с. Босилово) со замена на двата котли на нафта со котли кои ќе користат пелети како енергенс за добивање на топлотна енергија. Со проектните активности ќе се делува на намалување на трошоци за енергенс за загревање и ќе вклучи едукација за подигање на јавната свест за зголемување на искористеноста на обновливите извори на енергија.



Повеќе

107. Подобрување на енергетската ефикасност на општина Маврово и Ростуше


Проектен број MKD/SGP/OP6/Y2/CORE/CC/2016/07
Организација Здружение за локален рурален развој ЗЛРР, Тетово
Централна област Климатски промени
ГЕФ ПМГ доделена сума 24.720 САД$
Период јануари 2017 – март 2018

Краток опис

Генерална цел на проектот е создавање на услови за намалување на климатските промени во руралните општини од Полошкиот регион – Општина Маврово и Ростуше, преку намалување на потрошувачката на електрична енергија преку примена на принципите на енергетска ефикасност со замена на светлосни тела на улично осветлување, јакнење на капацитетите на општинските власти за креирање и спроведување на програми за енергетска ефикасност и подигање на свеста на граѓаните за промената на климата, заштедата на енергија и предноста за користење на обновливи извори на енергија, преку едукативни работилници и печатени материјали;



Повеќе

108. Иновативни локални алатки и пилот тестирање за селектирање, собирање и рециклирање на ПЕТ пластичен отпад од домаќинствата во Кичево


Проектен број MKD/SGP/OP6/Y2/CORE/CH/2016/08
Организација Центар за развој на заедницата ЦРЗ, Кичево
Централна област Хемикалии
ГЕФ ПМГ доделена сума 24.538 САД$
Период јануари 2017 – април 2018

Краток опис

Генерална цел на проектот е насочена кон намалување на количините на Неразградливи Органско Загадувачи - НОЗ (POPs) преку одржливо управување на дел од цврстиот, пластичен комунален отпад со ПЕТ состав. За таа цел ќе се спроведат активности за воведување практика на примарно селектирање и собирање на ПЕТ пластичен отпад и воведување на рециклирањето, во кој се вклучени учениците и вработените од три основни и две средни училишта од градско подрачје на Кичево.



Повеќе

109. Намалување на отпадна пластика во општина Гевгелија


Проектен број MKD/SGP/OP6/Y2/CORE/CH/2016/09
Организација Здружение за едукација на деца и млади СЛОЖУВАЛКА, Гевгелија
Централна област Хемикалии
ГЕФ ПМГ доделена сума 23.536 САД$
Период февруари 2017 – март 2018

Краток опис

Генерална цел на проектот е насочена кон намалување на количините на НОЗ (POPs) со организирано собирање на пластиката од домаќинствата, подигнување на свеста на населението во Општина Гевгелија, поголема вклученост на лицата од социјално – загрозени семејства и поголемо информирање на јавноста за проблемот и последиците од неконтролираното исфрлање на отпад и за тоа каде можат да го одложат отпадот.



Повеќе

110. Локални алатки за Општина Зелениково да прерасне во општина без отпад, преку селектирање, собирање и рециклирање на ПЕТ пластичен отпад од домаќинствата


Проектен број MKD/SGP/OP6/Y2/CORE/CH/2016/10
Организација Организација ОРТ, Скопје
Централна област Хемикалии
ГЕФ ПМГ доделена сума 21.116 САД$
Период февруари 2017 – мај 2018

Краток опис

Генерална цел на проектот е намалување на количините на НОЗ (POPs) преку одржливо управување на цврстиот, пластичен ПЕТ комунален отпад од домаќинствата и од пакувања. При тоа ќе се организираат тимови и координација за работа со сите вклучени страни за селекција на отпадот, јавна кампања со едукативен и промотивен материјал и предавања за децата во училиштата за штетноста на отпадот и активно селектирање на отпадот, предавања за возрасните во домовите за штетноста на отпадот и активно селектирање на отпадот, собирање и транспорт на ПЕТ амбалажата и хартија со поставување на соодветна инфраструктура, Манифестација со награди за мотивирање на децата и возрасните за учество во проектот, Продажба на отпадот и распределба на парите за развојни цели и зајакнување на капацитетот на јавното претпријатие и на училиштата за водење на кампања и партнерства во зелен бизнис.



Повеќе

111. Координација и соработка помеѓу еколошките организации и Владата на РМ


Проектен број MKD/SGP/OP6/Y2/CORE/CD/2016/11
Организација Центар за истражувања и информирање за животната средина ЕКО СВЕСТ, Скопје
Централна област Развој на капацитети
ГЕФ ПМГ доделена сума 10.255 САД$
Период февруари 2017 – февруари 2018

Краток опис

Генерална цел на проектот е афирмација на принципите на добро владеење, партиципативна демократија, заеднички иницијативи и размена на идеи преку (создавање механизми, промовирање на дијалогот меѓу Владата на РМ и граѓанските организации (ГО), со цел заштита и подобрување на состојбата со животната средина во Македонија. Воедно, проектот ќе работи на зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за подобрена соработка и комуникација со Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Владата на РМ. Покрај тоа, во проектот ќе се работи на воспоставување и зајакнување на механизмот за управување со квалитетот и одржливоста на Координативното тело за соработка меѓу МЖСПП и Владата на РМ и еколошките граѓански организации, кое иницијално беше воспоставено во 2013.



Повеќе

112. Вклучување на младите во одгледување на овци –Модерен овчар


Проектен број MKD/SGP/OP6/Y2/CORE/CD/2016/12
Организација Здружение на одгледувачи на домашна автохтона раса на овци ПРАМЕНКА ОВЧЕПОЛКА, Скопје
Централна област Развој на капацитети
ГЕФ ПМГ доделена сума 26.865 САД$
Период февруари 2017 – август 2018

Краток опис

Генерална цел на проектот е вклучување на младите во одгледување на овци преку воведување на модерни техники во одгледување на овци и преку практични обуки градење на вештини во комплетниот систем на одгледување на овци, вклучувајќи ја и пазарната одржливост.



Повеќе

Како до грант?