Централни области


Зачувување на биолошката разновидност

Биолошка разновидност: In-situ заштитени 13 автохтони и глобално значајни видови (1. Овца Праменка, 2. Македонскиот пчела, 3. Крава Буша, 4. Воден Бивол, 5. Жолт локвањ, 6/7. Локален вид на јаболка (циганка) и круши (сулија), 8. Лилјаци, 9/10. речиси исчезнати македонски риби речната пастрмка и речниот Вретенар Zingel балкански), 11. Кучето шарпланинец, 13, домашната кокошка – сребра, и 13. Папрат); Заштита и управување со глобално значајни области (кањонот Матка, Вевчански извори, Смоларски водопади); Делегирање на надлежности преку одржлив туризам и управување со заштитените подрачја (кањонот Матка, Вевчански извори),

Повеќе

Ублажување на климатски промени

Климатски Промени: прв систем за изнајмување на велосипеди (Скопје); Промовирање на енергетската ефикасност (во 8 градови со поставување енергетско ефикасни светилки за улично осветлување) и обновливи извори на енергија (прво производство на биодизел од растително масло во Македонска Каменица), 40 Енергетски ефикасни едукативни објекти (училишта, градинки, спортска сала, интернат за деца со посебни потреби), намалување на 1000 Тони CO2/год.

Повеќе

Спречување на деградација на земјиштето
(примарно обезшумување и ерозија)

Деградација на земјиште: Законот за заштита на почвите, како и Националниот Акционен План (НАП) во согласност со барањата на Конвенцијата на ОН за борба против опустинување (UNCCD) се во завршна фаза и чекаат усвојување. Овие документи треба да дадат јасна слика за состојбата со почвените ресурси, ќе ги дефинираат надлежностите и ќе ги утврдат приоритетите во однос на почвата и механизмите и начините на нивно исполнување. ГЕФ ПМГ Македонија во координација со УНДП и Mинистерството за животна средина и просторно планирање ќе допринесе во активностите на одржливо управување со земјиште на локално и национално ниво

Повеќе

Заштита на меѓународните води

Меѓународни Води (Преспанско Езеро): Преспанското Езеро е едно од најстарите слатководни езера во светот, со единствен екосистем кој еволуирал во текот на повеќе од пет милиони години. Денес сливот на езерото што се наоѓа во Република Македонија е живеалиште за повеќе од 2.000 видови риби, птици, цицачи и растенија. Опстанокот на оваа бесценета биолошка разновидност директно зависи од квалитетот на водата, кој беше сериозно нарушен во последните 40 години – пред сè поради загадувањето предизвикано од неодржливите земјоделски практики, вклучувајќи ги тука претераната употреба на вештачко ѓубриво и пестициди и фрлањето на отпад.

Повеќе

Отстранување на хемикалии (и неразградливи органски загадувачи) (НОЗ) преку локални пристапи

Неразградливи органски загадувачи – НОЗ / хемикалии: околу 30% од пластичен отпад во Скопје и Југоисточна Македонија е попречено од горење и на тој начин е спречено испуштање на емисиите на диоксини/фурани во воздухот, селектирани и рециклирани 23.000 кг пластичен отпад.

Повеќе