Национален Управувачки Комитет - Македонија

Членството на волонтерскиот Национален управувачкикКомитет (НУК) доаѓа од невладини организации/други граѓански организации, академски, научни и владини институции, како и од Националната канцеларија на УНДП, со предност на членство од невладиниот сектор. Волонтерскиот статус на НУК е основа на ПМГ и гаранција за транспарентност.

Национален Управувачки Комитет (НУК) е составен од членови на невладини организации, академски и научни институции, други граѓански организации, канцеларијата на УНДП, Владата и донатори во случаи на големо кофинансирање, со предимство на членови од невладиниот сектор.
Членовите на НУК се потикнуваат да учествуваат во предселективните посети на предлог концепти и во проектното оценување и мониторинг.

Техничката експертиза на НУК е многу важен критериум во одлучувањето на составот на НУК, и како такво членството на НУК треба да вклучува експерти од оперативните програми на ГЕФ. НУК е потикнат да биде активен во поврзувањето на научените лекции со развој на испробани пракси и политики, и поради тоа, во последно време, Оперативниот претставник на ГЕФ за Македонија е поканет да учествува како најзин клучен член. НУК на ГЕФ ПМГ во Македонија се состои од 12 членови: 6 се претставници на Здруженија на граѓани, 4 се национални експерти, 1 е претставник на ГЕФ при УНДП/ делегат на Простојаниот претставник на УНДП, и 1 е претставник на ГЕФ за Македонија (оперативен претставник за ГЕФ, при

Централни области на ГЕФ:

  • 1. Биолошка разновидност, зачувување
  • 2. Климатски промени, намалување
  • 3. Меѓународни води, заштита
  • 4. Деградација на земјиште - Одржливо управување со земјиштето
  • 5. Неразградливи органски загадувачи (НОЗ), намалување на нивното влијание

Членови на Националниот Управувачки Одбор на ГЕФ ПМГ Македонија

Критериуми, Функции и задолженија


Основните нелимитирани критериуми за членство се:

  • - Македонско државјанство;
  • - Завршено факултетско образование;
  • - Добри познавања за состојбите на животната средина во централните области на ГЕФ: биолошка разновидност, климатски промени, меѓународни води, деградација на земјиштето, и НОЗ
  • - Добри познавања за проблемите на животната средина на национално и локално ниво
  • - Искуство во припрема, спроведување и следење/оценување на проекти
  • - Независност и непристрасност
  • - За експертите: силни врски со невладиниот сектор (Здруженија на граѓани)

Основните функции и задолженија на НУК вклучуваат:

  • 1. Учество во развојот, одобрувањето, периодични ревизии и спроведувањето на Националната стратегија на ПМГ;
  • 2. Адаптирање на глобалните политики и критериуми на националните услови;
  • 3. Формирање на механизми за национална програмска самоодржливост;
  • 4. Разгледување на годишниот работен план предложен од Националниот координатор;
  • 5. Учество во развојот на критериумите и процедурите за пријавување на НВО/ЗГ на предлог проекти;
  • 6. Разгледување и одобрување на Предлог проектите, поднесени до ГЕФ ПМГ од НВОи/ЗГ и ревидирани од Националниот Координатор, во согласност со воспоставените критериуми и процедури;
  • 7. Следење на спроведувањето на одобрените проекти, каде и кога е потребно;
  • 8. Оценување на резултатите и генералниот успех на проектите како што се предложени и наспрам Националната Програмска Стратегија;
  • 9. Поднесување на измени и/или стопирање на проекти согласно на анализите од следењето и оценувањата, кога и каде е потребно;
  • 10. Поддршка на програмата со изнаоѓање на кофинансирање на случај проект по проект или на национална програма во целина;
  • 11. Поддршка на програмата со поврзување на научените лекции и искуства со развојот на политиките и подобрување на пристапите за развој и процедури на локално и национално ниво.

НУК мора да обезбеди техничка и темелнo издржана содржина на грантовите на ПМГ, како и на административните и финансиските капацитети на ЗГ добитници на грантови.
Членовите на НУК се потикнуваат активно да учествуваат на посетите на местата на финансираните грантовите и да ги следат и оценуваат проектите кои се асоцирани со ПМГ, како и да обезбедуваат техничка помош и совет на проектите на ПМГ и ЗГ кои ги спроведуваат.
Од членовите на НУК се очекува да ја дистрибуираат информацијата за ГЕФ ПМГ низ своите канали и со тоа да го потикнат генералната видливост на програмата.

Оперативно, одлуките во НУК се донесуваат по пат на консензус. Одлуките се сметаат за конечни, земајки ги во предвид дека тие се конзистентни со Оперативните Упатства на ГЕФ и Глобалната Стратешка рамка. Меѓутоа, ниту НУК како тело, ниту поединечните членови, не сносат никакви правни или морални одговорности за ГЕФ или за неговите активности.

Мандат и номинирања

Членовите на НУК се номинирани од Постојаниот преставник на УНДП во консултација со Националниот координатор (НК). Номинациите во НУК се предмет на одобрување од страна на Глобалниот менаџер на ПМГ. Членовите можат да се сменат од НУК инициранo од Постојаниот преставник на УНДП, што исто така подлежи на одобрување од страна на Глобалниот менаџер на ПМГ.
Постојаниот преставник на УНДП или неговиот/нејзиниот делегат, обично координатор на ГЕФ ПМГ при УНДП, го претставуваат УНДП во НУК.
Националниот координатор на ГЕФ ПМГ е во функција на exofficio во НУК, учествувајки во дискусиите, но без право на гласање во процесот на селекција на проектите. Националниот координатор (и Асистентот на програмата - АП) исто има функција на Секретаријат на НУК.

Мандатот на секој член на НУК е за период од најмалку три години (со можност за продолжување за уште три години). Во случај да членот не е во можност да го заврши целиот полниот мандат, нов член на НУК се номинира од Постојаниот преставник на УНДП (исто подлежи на одобрување од страна на Глобалниот менаџер на ПМГ). Ротирањето на членовите на НУК, со цел да се избегне промената на целото членство на НУК или на поголемиот дел, се договара во консултација помеѓу Националниот координатор, Постарите НК во регионот, а по потреба и со Глобалниот менаџер на ПМГ и Постојаниот преставник на УНДП.

Состаноци и Правилник на работа

НУК се среќава редовно да разгледува и одобрува предлог проекти и да врши други активности во рамките на своите задолженија. Ad-Hoc средби ќе се одржуваат кога и каде е потребно.
Потребните и придружните документи/матерјали потребни за секој НУК состанок до членовите на НУК од страна на НК/АП, ќе бидат испраќани како што се подготвувани, но не подоцна од 15 дена пред закажаната средба на НУК. Документите/матерјалите ќе бидат подготвени во електронска и/или на печатена форма. Електронските верзии и нивните печатените верзии ќе бидат испраќани до НУК како што се подготвени.
Членовите на НУК треба да дадат се од себе да присуствуваат на секој состанок на НУК. Членот не смее да отсуствува повеќе од вкупно три пати (3), за време на својот мандат. Ако ова се случи, мандатот на членот ќе заврши.

Местото на состаноците на НУК ќе биде Канцеларијата на ПМГ за Македонија. Некои состаноци можат да се организираат на други локации, кога и каде е потребно. Во овој случај прифаќањето од членовите на НУК мора да се добие најмалку 30 дена пред датумот на средбата.
Членовите на НУК служат на волонтерска основа и без никакви финансиски надомести.
Исплаќање на економско прифатливи и потребни трошоци како патни трошоци на местата на проектните активности и состаноците на НУК ќе биде обезбедено. Исплаќањето на трошоците како патни трошоци мора да биде одобрено од Националниот Координатор пред самото настанување на трошокот и да ги следи стандардните ПМГ процедури, кои подразбираат економско прифатливи патни трошоци како и дневници согласно на македонското законодавство. Јавниот транспорт се претпочитува како средство за патување, кога и каде е потребно: (1) целосно исплатување на патните трошоци (воз и/или автобус). Ако не, и кога е одобрено од Националниот Координатор, следното ќе се применува: (2) користење на сопствено возило за патување: 25% од цената на бензинот/дизелот Х поминатите километрите од и до настанот. Формулари ќе бидат обезбедени од страна на Националниот Координатор. (3) во случај за потреба за ноќевање, кога ќе биде одобрено од Националниот Координатор, трошоците ќе бидат обезбедени за сместување во хотел од Б категорија. Оригинални и испечатени фактури/сметки се единствено валидни, и треба да бидат потпишани од членот на НУК.

Состаноците на НУК се водени од Претседавач, избран од редовните членови на НУК. Претседавачот е избран, следејки го правилото на првата буква од кириличното писмо од презимето на членот, така да на секој состанок различен член на НУК ќе биде номиниран како претседавач.
Ниту Постојаниот Претставник на УНДП (или неговиот/најзиниот делегат) ниту Националниот Координатор смеат да бидат претседавачи. Претседавачот на состаноците на НУК го води состанокот во согласност со одобрените и прифатените Правила на работа, и го води процесот на градење консензус во одлучувањето на НУК. Позицијата на Претседавач не е постојана.

НУК работи на принципот на консензус отколку на формално гласање. Специфичната процедура и правила на однесување за одлуките на НУК, вклучувајки го гласањето и потребата за кворум, треба да биде предложена од Националниот Координатор и членовите на НУК, како и одобрена од НУК пред било каква важна одлука или заклучок.

Редовните состаноци на НУК обично треба да ги вклучат следниве точки на Дневниот ред:

  • - Извештај за статусот и прогресот на националната и глобалната ПМГ;
  • - Извештај за статусот и најновите информации за проектите и активностите кои се во фаза на спроведување;
  • - Финансиски извештај за исплатата на ратите на грантовите;
  • - Презентација на предлог проектите за разгледување и одлучување.

Официјален јазик на НУК е Македонскиот.

Записникот од состанокот ќе биде припремен на македонски и преведен, ако е потребно, и на англиски.
Записникот од состанокот на кој се разгледуваат и се одлучува кои предлог проекти ќе бидат одобрени, треба да биде што е можно подетален и поконкретен, наведувајки го секој проект посебно и вклучувајки ги препораките на сите членови на НУК како и нивните забелешки и предлози. Записникот треба да биде завршен најкасно 30 денoови од завршувањето на соодветниот состанок на НУК.
Одлуките на НУК за секој предлог проект треба да бидат јасно образложени, вклучувајки формулации побарани пред да се даде одобрувањето.
Листата на одобрени предлог проекти покрај вкупната треба да ја вклучува и одобрената буџетска сума.
Записникот треба да биде потпишан од сите членови на НУК, кои присутвувале на состанокот. Записниците се достапни на јавноста во канцеларијата на ГЕФ ПМГ Македонија. Информацијата за одобрените предлог проекти е дел од Записникот и ќе биде објавена на веб страницата на ГЕФ ПМГ Македонија и дистрибуирана со други средства. Подеталните информации за оценувачкиот процес се сметаат за доверливи и не смеат да бидат откриени од страна на членовите на НУК до апликантите ниту до јавноста.

НУК одново ќе ги разгледува и одобрува предлог проекти кое се реформулирани и ревидирани по претходното одобрување на Националниот координатор, по што следи нивно поднесување до Постојаниот претставник на УНДП за потпишување на Меморандумски Договор.
По изборот на членство во НУК, членовите се обрзуваат да работат со потполна објективност и транспарентност. НУК мора да избегнува појави на само поставување, конфликт на интерес или подложност на влијанија. Здруженијата на граѓани од каде што потекнува членот на НУК немаат право на финансии од ГЕФ ПМГ (во облик на грант и/или друга финансиска помош, на Здружението и/или на нивен член во друг проект од ГЕФ ПМГ Македонија).

Принципиелно, НУК (како и за ПМГ во целост), работи на што е можно потранспарентен начин. Со цел да се заштитат членовите на НУК од надворешни влијанија нема да бидат евидентирани идентитетот на членовите на НУК и нивните искажувања за време на одлучувањето.