Глобалиот Еколошки Фонд-ГЕФ (Global Environment Facility) обезбедува финансиска помош за државите во развој и за државите со економии во транзиција за покривање на зголемените трошоци во врска со заштитата и управувањето со глобалната животна средина. ГЕФ Програмата за Мали Грантови (ПМГ) е спроведувана од УНДП во име на трите спроведувачки агенции на ГЕФ – Програмата за Развој на Обединетите Нации (УНДП), Светска Банка и Програмата за животна средина на Обединетите Нации (УНЕП) – и е извршувана од Канцеларијата за Проектни Услуги на Обединетите Нации (УНОПС).
Уште од самиот почеток во 1992, ГЕФ ПМГ преку поддршата на невладини организации (НВО)/ здруженија на граѓани (ЗГ), промовира основна акција за адресирање на глобалните грижи во областа на животната средина. ПМГ има за цел да доведе до глобални еколошки користи во централните области на ГЕФ:
- зачувување на биолошката разновидност,
- заштита на меѓународните води,
- намалување на гасовите кои предизвикуваат климатски промени,
- спречување на деградација на земјиштето (примарно обезшумувањето и опустинувањето) и
- отстранување на неразградливите органски загадувачи (ПОПс) преку локални пристапи.
Цел: Глобални еколошки придобивки обезбедени во Централните Области на ГЕФ преку иницијативи и активности базирани на локално ниво (на заедницата). Придобивките се: заштитена животна средина, намалена сиромаштија и локален развој.
ГЕФ ПМГ работи на децентрализиран, демократски, тренспарентен начин, Националниот Координатор и волонтерскиот Национален Управувачки Комитет (НУК) на национално ниво, како и преку Централниот Тим за Менаџмент на Програмата (CTMP) во Њу Јорк.
Факти и бројки за ГЕФ ПМГ:
- во ГЕФ ПМГ досега учествуваат околу 95 земји, со 81 национални канцеларии, две регионални канцеларии и 2 под-регионални канцеларии, спроведувани од Националните Координатори,
- финансии: 250 мил СAД$ дадени од ГЕФ и преку 110 мил СAД$ од други во готовина и во материјал
- максимален износ на грант за проект е 50.000,00 СAД$, со просечна износ на грант од 20,000 САД$.
- Глобалното потфолио на Проектите на ГЕФ ПМГ се состои од 60% биолошка разновидност, 20% намалување на промената на климата, 6% заштита на меѓународните води и 14% мулити фокални теми.
- досега, на глобално ниво, финансирани се преку 6500 проекти.
Во Македонија ГЕФ ПМГ официјално започна со номинацијата на Националниот Координатор на 01 мај 2005.
Вовед во Програмата за мали грантови (ПМГ)
Програмата за мали грантови на Глобалниот Еколошки Фонд подржува активности на НВО и Граѓански здруженија за развивање на земјата преку проекти од областите од интерес на ГЕФ, односно:
- зачувување на биолошката разновидност,
- заштита на меѓународните води,
- намалување на гасовите кои предизвикуваат климатски промени,
- спречување на деградација на земјиштето (примарно обезшумувањето и опустинувањето) и
- отстранување на неразградливите органски загадувачи (ПОПс) преку локални пристапи.
Стратешки насоки за националните стратегии за Третата Оперативна фаза (ОП3) во периодот 2005-2008:
- Влијание (impact orientation): влијанијата на проектите мора да бидат определени и наведени; т.е. кои се клучните влијанија врз животната средина, врз намалувањето на сиромаштијата и врз зајакнувањето на локално ниво
- Фокусирање кон поголемо влијание: проектите треба да се помалку распространети за да се добие синергија и критична маса; фокусот треба да е географски и/или тематски
- Мобилизирање на ресурси: иницијативите на ПМГ може да бидат зголемени, реплицирани и (само)одржливи
- Градење на одржливост: како националната програма може да продолжи со намалени или без ресурси од ГЕФ
Како може да се аплицира за Програмата за мали грантови?
ПМГ поаѓа од ставот дека глобалните еколошки проблеми најдобро може да бидат адресирани доколку во нивното решавање се вклучени луѓето од локалните заедници и доколку истите имаат дирекна корист од тоа.
За да можат да бидат финансирани предлог проектите од ПМГ, тие треба да ги изразуваат критериумите наведени во Програмската Стратегија на Земјата за ПМГ, која треба да биде одобрена од волонтерскиот Националниот Управувачки Комитет (НУК), кој всушност е одговорен за финалното одобрување на грантовите, за помош при изработката на предлог проектите, како и за нивно следење и оценување. Наводилките, Критериумите и Формуларите даваат исцрпни податоци за кој, како, кога, каде и зашто да поднесе предлог проект.
Истовремено, проектите треба да бидат во линија со Оперативни Програми воспоставени од ГЕФ.
Во областа на биолошката разновидност, активностите треба да ја промовираат заштитата и одржливото користење на биолошките ресурси во сушните и во полу-сушните предели, водните и крајбрежните екосистеми, шумските екосистеми и планинските екосистеми.
Во областа на климатските промени активностите треба да демонстрираат отстранување на локалните бариери за зачувување на енергијата и за енергетска ефикасност или промовирање на користењето на обновливи извори на енергија.
Во областа на меѓународни води, активностите треба да се однесуваат на еколошкиот акцент на меѓуграничните водни површини, заканите од површинското и подземното загадување што го одредуваат квалитетот на водите, превенција од опасни супстанци и тешки метали кои не можат да бидат неутрализирани во водните екосистеми и сл.
Во областа на деградација на земјиштето активностите треба да се однесуваат на: заштита и реставрација на сушни и полу-сушни области, интегрирано управување со водените површини, заштита на земјиштето, пошумување, заштита од шумски пожари и сл.
Во областа на неразградливи органски загадувачи (ПОПс) активностите може да се во областа на реализирање на планираните активности во Националниот имплементационен план за редукција и елиминација на НОЗ во Македонија, како и демонстрација на иновативни и кост-ефективни технологии и примени (несогорување на производи, чисти технологии, итн.
Критериуми на земјата за вклучување во ПМГ:
- Ратификувани Конвенцијата за биолошка разновидност и Конвенцијата за климатски промени
- Интерес на Владата за заедничко вклучување во програмата и поддршка во имплементација на програмата. Ова вклучува воспоставување на Национален Комитет кој треба да биде составен од претставници од НВО и граѓанските здруженија, академијата, Владата, УНДП и др, но со мнозинско учество од НВО-и.
- Постоење на капацитети на локалните НВО и граѓански здруженија за развој и имплементација на проекти во областите од интерес на ГЕФ .
- Поддршка од страна на УНДП и Владата за мобилизирање додатни финансиски средства.
Други критериуми:
- Постоење на потреба од активности во тематските области на ГЕФ.
- Постоење на области со глобално значаен биодиверзитет.
- Конструктивни односи меѓу Владата и НВО-и.
- Присуство на други релевантни донаторски програми: присуство на Национален Фонд за животна средина или други потенцијални локални фондови (од приватен или јавен сектор).
- Постоење на еден или повеќе ГЕФ проекти.
Активности кои можат да се финансираат од ПМГ (илустративни примери):
Проценка и планирање на ниво на локалната заедницата. (Community based assessment and planning). Грантови за зајакнување на учеството на заедниците во идентификација и развивање на на пред-проекти.
Пилот активности: Најчесто финансирани проекти се активности кои ги тестираат и демонстрираатпрактичните иновативни пристапи во решавањето на глобалните еколошки проблеми во општините. Бидејќи повеќето од проектите вклучуваат градење и зајакнување на капацитетите, грантовите може да се доделат за техничка помош и тренинг активности кои би се фокусирале на зајакнување на капацитетите на НВО во однос на областите од интерес на ГЕФ.
Мониторинг и анализа: Грантовите исто така може да се доделат на НВО во соработка со истражувачки центри (вклучувајќи универзитети) за поддршка на мониторинг на програмата; за да помогне во идентификацијата, пристапот и документирањето на најдобрите пракси; како и за подготовка на студии за развој на поддржаните проекти од ПМГ.
Дистрибуција, градење на мрежи и политики за дијалог: Со цел да се прошири искуството од проектите на ПМГ, грантови се доделуваат за поддршка и пропагирање на иновациите и најдобрите пракси, за релевантни активности за градење на мрежи, како и за градење на политики за дијалог. |